Archive | Македонија RSS feed for this section

Заев: Владата ќе биде „мртва“ ако не добиеме датум

Ако лидерите на ЕУ во четврток или петок донесат негативна одлука за почеток на преговори, или ако повторно одлучат да ја одложат одлуката, нашата Влада ќе биде мртва, не затоа што ќе бидеме пречувствителни, одлуката не зависи од нас, но мнозинството од парламентот ќе го изгубиме, рече премиерот, Зоран Заев, на денешната панел дискусија организирана […]

______________________________________________________________________________________________________

Пропадна продажбата на 1ТВ: Инвеститорот се премисли, ќе го раскине договорот

Пензионерот Богдан Дамјаноски, кој склучи договор за купување на 1 ТВ, ќе го раскине договорот, соопшти тој zа ИРЛ. Дамјаноски рече дека инвеститорот во чие име настапува се премислил, бидејќи првичниот договор бил на помала сума, но откако УЈП ја блокирала сметката за неплатени даноци сумата се зголемила на околу 400.000 евра. Инвеститорот, чие име […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Ни треба позитивна одлука сега и веднаш

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција со еврокомесарот Хан побара ЕУ да не ги гаси светлечките ѕвездички кон кои се стремиме. Европски претставници бидете наши херои, не наша пречка. Еве го Октомври, дојдовме и ја чекаме заслужената одлука да почнеме преговири, откако пристапивме искрено и чесно, вели Заев. Додава дека Северна македонија треба да добие […]

______________________________________________________________________________________________________

12 години од трагичното загинување на Тоше Проески

Балканот денеска се сеќава на Тоше Проески кој на денешен ден пред дванаесет години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Како и во изминатите 11 години, на неговото вечно почивалиште во крушево денеска ќе пристигнат маратонците што трчаат од Нова Градишка. Средното училиште „Наум Наумовски-Борче“ со поддршка […]

______________________________________________________________________________________________________

Температурата до 30 степени и наредните денови, задутре слаб локален дожд

Во петок и сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд, најави денеска Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, утре минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а максималната од 23 до 30 степени, а слична е прогнозата и за наредните пет дена.

______________________________________________________________________________________________________

Брисел: Попладне најавена средба Заев- Хан

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска и утре (16 и 17 октомври), ќе престојува во работна посета на институциите на Европската Унија во Брисел, соопшти владината прес служба. Премиерот Заев, заедно со заменик претседателот на владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров попладне ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Град Скопје поднесе барање до РКЕ за лиценца за дистрибуција на топлинска енергија

Град Скопје вчера поднесе барање до Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за издавање лиценца за дистрибуција на топлинската енергија за АД Градски енергетски системи (ГЕС) и бара од РКЕ да постапи по барањето во законски предвидениот рок. Во прилог на барањето за издавање на лиценца за дистрибуција на топлинска енергија е поднесена документација со која […]

______________________________________________________________________________________________________

Покачена минималната плата на 14 илјади и петстотини денари

Од декември минимална плата од 14 500 денари. Економскиот тим на владата на иста маса со стопанските комори, работодавачите и синдикалците договорија минималец повисок за 2 илјади денари. Според власта бенефит ќе имаат 90 илјади работници, а ова покачување е доказ дека економските политики даваат резултат. Покачувањето е прифатливо за работодавачите, сепак сметаат дека може […]

______________________________________________________________________________________________________

Семејствата на загинатите и повредените кај Ласкарци ќе бараат отшета

Семејствата на загинатите кај Ласкарци и повредените бараат да се дознае вистината за несерќата во која во февруари годинава загинаа 16 лица, а 37 беа повредени. На денешното рочиште за случајот ти најавија дека ќе бараат отштета, но не прецизираа во колкав износ. И тие како и обвинителството бараат кривична одговорност од обвинетите. Шестмината обвините […]

______________________________________________________________________________________________________

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ „МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ“, „ТОМАТО ПРОДУКЦИЈА“ И „БМЈ ГРУП“

Управата за јавни приходи подготви кривични пријави за Меѓународниот сојуз, БМЈ медиа груп и Томато продукција , каде беше сместена телевизијата 1тв за даночно затајување за сума повисока од 20 милиони денари. Бојан Јовановски, кој е првоосомничен за случајот „Рекет“ ќе добие и кривична пријава од УЈП за затајување на данок. Кривична пријава даночните инспектори […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема договор во Луксембург, одлуката ќе ја носат Европските лидери во Брисел

Нема изненадување во Луксембург. Откако вчера не успеаја амбасадорите, денеска ниту министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност околу определувањето датум за отворање пристапни преговори со Македонија и со Албанија. Тешка и напорна дебата. Вака шефицата на финската дипломатија, земја која престседава со Унијата, ја опиша дискусијата на министрите. Според […]

______________________________________________________________________________________________________

Муса даде оставка: Обидот да помогнам се претвори во стапица

Заменик министерот за здравство, Асим Муса денеска објави дека се повлекува од функцијата откако во медиумите беше објавена видео снимка на која се гледа како тој наводно прима пари од пациент од Албанија за хируршка интервенција. – Донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик-министер за здравство и да ја расчистам оваа импонирана дамка, стапица, […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Заменик министерот за здравство Муса однапред зема 50 евра од побараните 1.000 за извршување на операција

Заменик-министерот за здравство Асим Муса е вмешан во корупциски скандал при што и е фатен на дело. Муса беше фатен од екипата на најпознатото албанско истражно шоу, Фикс Фаре, кое се емитуваше на Top Channel Имено заменик министерот Муса се пазарел со пациент од Албанија за да се изврши операција во една од болниците во […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев за американски медиум: Ако нема датум за преговори, Владата ќе падне

Во интервју за американската јавна радио станица ПБС премиерот Зоран Заев вели дека евентуално недобивање на датум за преговори со Европската унија ќе ја урне неговата Влада. Лајвсеј: Имате европско знаме тука? Заев: Да, тоа ни е следниот чекор. Европска Унија мора да донесед одлука. Ние донесовме одлука од наша страна, сега тие мора да […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанева од болница вратена во притвор

Катица Јанева обвинета во преметот „Рекет“ вчера во 16 часот е вратена во притвор во затворот Скопје во населбата Шуто Оризари. Ова го потврди за Телма нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска која рече дека на здравствената состојба на Јенева е подобрена и стабилна. Лекарите од болницата Филип Втори и препишале и нова терапија.

______________________________________________________________________________________________________

Фатен избеганиот затвореник од Идризово – двајца полицајци суспендирани

Фатен е бегалецот од затворот Идризово , денеска околу 17 часот и 30 минути во близина на селото Пресница, општина Липково. Затвореник и избегал на полицијата додека бил пренесуван од Клиничкиот Центар во Скопје до затворот Идризово, откако чуварите застанале да си купат сендвичи. Извори од затворот Идризово велат дека чуварите кои денеска од Клиничкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Јанева во болница со висок притисок и анксиозност – Денеска ќе се врати во Шутка

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева по четири дена болничко лекување во клиниката „Жан Митрев“ денеска треба да биде вратена во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Адвокатка Ирена Фрчковска, рече дека очекуваат Јанева денеска да биде пуштена од болничко лекување, кога ќе имаат и повеќе детали за здравствената состојба. – Најверојатно ќе биде пуштена денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Српски историчар за Македонија: Кога еднаш ќе отстапиш од националните интереси, нема крај

Српскиот историчар Милош Ковиќ предупредува Србија да извлече поука од бугарското условување на поддршката за членство во Европска унија на Македонија, иако таа ги исполни сите налози, вклучувајќи ја и промената на државното име. „Денес навистина може да се зборува за македонска парадигма. Земјата и народот ги исполнија практично сите услови, при што народот се […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1