Archive | Македонија RSS feed for this section

Мицкоски: Повеќе не сум сопственик на удел на хидроцентралите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за порталот Макфакс откри ексклузивна информација, изјавувајќи дека тој веќе не е сопственик на удел на хидроцентралите од 7 проценти. Еве ексклузивно за вашата емисија сакам да кажам и да потврдам дека од пред некој ден практично јас ги отуѓив тие 7 проценти и веќе не сум сопственик во таа […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Убеден сум дека на 17 и 18 октомври ќе добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ

Заслужуваме да добиеме одлука за почеток на преговори со Европската Унија. ЕУ вети – ако вие испорачате и ние ќе испорачаме. Очекуваме ЕУ да го одржи зборот и да испорача. Убеден сум дека Европскиот совет на 17 и 18 октомври ќе ја донесе толку долго очекуваната одлука за почеток на преговори со земјава, порача премиерот […]

______________________________________________________________________________________________________

Отворена предистражна постапка за „Рекет 2“

Јавното обвинителство започна предистражна постапка за „Рекет 2“, објави „Плусинфо“. Ова следува откако Вера Иванова поднесе кривична пријава против директорот на фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Пријавата беше проширена и против уште една личност. Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Работиме на намалување на цената на зелениот картон за возилата

Работиме на намалувањето на цената на зелениот картон за осигурување на возилата при пратување во странство, најави претстедателот на СДСМ Зоран Заев, на граѓанската трибина „На прав пат” во Куманово. Тој додаде дека за намалувањето на цената на зелениот картон на ниво на земјите во регионот се преговара со осигурителните компании, како и за се […]

______________________________________________________________________________________________________

Ништо од Заев и Ципрас, Нобеловата награда за мир замина кај Етиопјанец

Премиерот Заев и екс премиерот на Грција Ципрас извисија – не ја добија Нобеловата награда за мир. Денеска е објавено дека добитник на 100. Нобелова награда за мир во 2019. година е премиерот на Етиопија Абиј Ахмед Али. Во образложението на Шведската кралска академија се наведува дека на Ахмед му е доделен Нобел поради неговите […]

______________________________________________________________________________________________________

Пендаровски: Ние сме вечни должници на таа генерација учесници во големото народно востание

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски се обрати по повод 11 Октомври- Денот на народното востание. Секоја генерација носи одлуки кои ја одредуваат судбината на народот и иднината на државата. Споредувајќи ги и вреднувајќи ги историските епохи, нашата антифашистичка генерација сигурно се издвојува според маркантноста на своето дело. Во 1941 година, кога поголемиот дел од […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР со најави за викендов – еве какво ќе е времето во Ноември

Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб до умерен северен ветер, поизразен долж Повардарието. Утринската температура ќе биде во интервал од седум до 16 степени, а дневната од 17 до 25 степени. Во Скопје слично време со температура до 23 степени. Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан: Бугарија да не го злоупотребува пристапниот процес за билатерални спорови

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан е „уверен“ дека Софија нема да го блокира почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, но ја повика да не го користи пристапниот процес за билатерални проблеми. Одговарајќи на прашање на МИА за позицијата на Бугарија околу преговорите со Северна Македонија и барањата поврзани за историјата и […]

______________________________________________________________________________________________________

Димитров: Ние сме македонски народ и зборуваме на македонски јазик

Северна Македонија ја поздравува конзистентната поддршка на Република Бугарија за проширување на Европската Унија кон земјите на Западен Балкан. Исто така, сметаме дека почитувањето на Договорот за добрососедство од двете страни ќе биде важен чекор во контекст на пристапните преговори со ЕУ. Во духот на европските вредности цениме дека двете страни треба да се воздржат […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР: Полицајците немале никаков контакт со учениците од ОУ „Блаже Конески“ Велес

Полиција и просветни инспектори биле повикани во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес откако родители на невакцинирано првче одбиле да си го земат детето дома. Мајката на детето за „А1он“ вели дека од вчера има забранет пристап во училиштето, бидејќи одбивала да престане да го носи детето на училиште, а вчера обезбедувањето ја пријавило во […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски: 11 Октомври е пример за македонскиот непокор и мора да го почитуваме и чуваме

Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честитам државниот празник, Денот на народното востание, 11-ти Октомври, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -На овој голем ден Македонскиот народ се крена во борба против фашизмот и ја продолжи борбата за македонска држава на илинденците и нивните […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Храбрите партизани во 1941 го создадоа делото наречено македонска држава

Премиерот Зоран Заев на денешното обраќање по повод 11 Октомври во Куманово порача дека на 11 октомври 1941 година бил означен почетокот на завршните процеси за впишување на македонската држава на мапата на народите во светот. -На 11-ти октормври беше означен почеток на завршните процеси на впишување на македонска држава на мапата на народите во […]

______________________________________________________________________________________________________

Извршителите дерат и понатаму – За 1300 ден, граѓани плаќаат и по 130.000 – се појавуваат сметки од 1992 год

„За 1300 денари, граѓани плаќаат и по 130.000 денари – се појавуваат сметки од 1992 година, ова е непочитување на законот“, вели Глигорова во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21. Извршители во моментов во Македонија имаат блокирано сметките на 80.000 физички лица. Дарко Попоски рече дека постојат фалсификувани предмети со фалсификувани договори од Стопанска банка […]

______________________________________________________________________________________________________

Ден на народното востание – свечености во Прилеп, Куманово и Скопје

Седумдесет и осум години од почетокот на антифашистичкото востание и почетокот на народноослободителната војна ќе бидат одбележани денеска во Куманово, Прилеп и во Скопје, во присуство на членови на Владата, Собранието, претставници на политичките партиите, на Сојузот на борците, дипломатскиот кор, граѓански организации… Во Куманово активностите стартуваат со положување цвеќе на Спомен-костурницата по што воениот […]

______________________________________________________________________________________________________

Катица Јанева во прединфарктна состојба

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева денеска е задржана во клиниката „Жан Митрев“ на понатамошно следење, како пациент во сомнителна прединфарктна состојба, изјави нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска. Здравствената состојба на Јанева, според Фрчкоска, е лоша и таа се жали на висок притисок и општа анксиозност. Јанева претходно ја примаше соодветната терапија во затворската амбуланта, а […]

______________________________________________________________________________________________________

Одземени пасошите на Фросина Ременски и Миле Јовановски

Постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот. Ценејќи ги фактите и доказите во предлогот како и исказите на осомничените лица, […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Очекувам Ременски да докаже дека не е виновна и да се врати во партијата

Премиерот Заев попладнево изјави дека очекува Ременски да ја докаже својата невиност пред истражните органи. -Партијата ќе носи одлуки за временото суспендирање од Централниот одбор и Извршниот одбор. Тоа е принципиелен став, ние изградивме декларативни ставови, ги имаме вградено во нашите органи и тела на партијата. Јас лично верувам во невиноста и во презункцијата на […]

______________________________________________________________________________________________________

Инцидент во Велес: Невакцинирано прваче утрово со полиција извадено од училиште

Полиција и просветни инспектори биле повикани утрово во основното училиште „Блаже Конески“ во Велес откако родители на невакцинирано првче одбиле да си го земат детето дома, дознава „А1он“. Мајката на детето за „А1он“ вели дека од вчера има забранет пристап во училиштето, бидејќи одбивала да престане да го носи детето на училиште, а вчера обезбедувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1