05/05/2019 22:13
•
Posted by: MK News
Во живо од Штабот на претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата, каде се обраќаат Стево Пендаровски и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 22:06
•
Posted by: MK News
На речиси 95% од обработените гласови разликата помеѓу кандидатот на СДСМ и ДУИ е константна, а кандитот Стево Пендаровски победи со околу 60.000 гласа разлика пред кандидатот за Претседател на Македонија, професорката Силјановска. Според неофицијалните податоци на ДИК, Македонија го избра петтиот претседател а тоа е Стево Пендаровски благодарение на гласовите од албанската етничка заедница.
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 22:02
•
Posted by: MK News
Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 90,75 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Сиљановска-Давкова со 43,27 отсто. Изразено во гласови Пендаровски има 380.946, а Силјановска 320.393. Неважечки ливчиња се 3,56 отсто […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 21:47
•
Posted by: MK News
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 20:33
•
Posted by: MK News
На 38,47% проценти обработени избирачки места за Стево Пендаровски гласале 126.410 гласачи односно 56,98%, додека за Гордана Силјановска 87.881 односно 39,61% Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти. На половина час пред затворањето на гласачките места во вториот круг на претседателските избори на гласање излегле 795,577 граѓани според обработени […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 20:28
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски оцени дека изборите поминале во мирна и фер атомосфера, а граѓаните покажале зрелост и одговорност да одлучуваат за иднината. „Имавме одлично спроведен изборен ден со незначителен број на неправилности без нарушување на јавниот ред и мир“, рече Спасовски. Тој им се заблагодари на припадниците на полицијата што овој пат, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 20:25
•
Posted by: MK News
Во ДУИ на првата прес-конференција по завршување на гласањето истакнаа дека се задоволни од придонесот на партијата во двата изборна круга со што е овозможен цензусот и предноста на нивниот концепт. -Нашите првични неофицијални проценки се дека има околу 90.000 албански гласови кои го поддржаа концептот на консензус. Сакам да изразам длабока загриженост во врска […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 20:03
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија ги објави првите резултати од пребројувањето на гласачките ливчиња кое е во тек. Според резултатите во првиот пола саат по затворањето на гласачките кутии кандидатот Стево Пендаровски има 24.130, додека кандидатот Гордана Силјановска – 11.397.
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:55
•
Posted by: MK News
Република Македонија денеска го избира петтиот претседател. Гласачките места се затворени, а пребројувањето на гласовите само што започна. Резултатите може да ги следите во живо на веб-страницата на Државната изборна комисијa https://rezultati.sec.mk/mk-MK/1/r
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:28
•
Posted by: MK News
До 18.30 часот на гласачките места излегле 795.577 избирачи, односно 44,5 отсто од запишаните гласачи во избирачкиот список, информира претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски. Овие податоци се од обработени 3.428 избирачки места. Според Дерковски, изборниот ден поминал добро, мирно,достоинствено, без поголеми нерегуларности.
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:24
•
Posted by: MK News
Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски правото на глас го оствари во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае. Тој по гласањето во изјава за медиумите кажа дека денеска е денот кога граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака. „Денеска е свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности кои што ги добивам, денеска од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:22
•
Posted by: MK News
Денеска е најважно прво да успеат изборите, да имаме успешен избор на претседател на нашата земја. Истовремено од одлуката ќе зависи во кој правец и со какво темпо ќе продолжи да се движи земјата. Јас верувам дека ќе продолжиме со забрзано темпо да се движиме напред, да бидемо рамо до рамо со современиот западен развиен […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:17
•
Posted by: MK News
Како и сите граѓани и јас лично очекувам овој изборен ден да помине во најдобар ред и веќе вечер да знаеме кој ќе биде петтиот претседател на државата, изјави претседателот Ѓорге Иванов откако гласаше во вториот изборен круг на избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито“. Иванов очекува идниот претседател да има многу помирен […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:14
•
Posted by: MK News
Кандидатот за претседател на државата од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски по гласањето во скопската населба Автокоманда изјави дека се надева оти изборниот ден ќе заврши мирно и на тој начин ќе покажеме дека како држава сме подготвени да организираме фер и демократски избори, како што приличи на земја која наскоро очекува да ги почне […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 19:12
•
Posted by: MK News
Претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова очекува дека ќе биде петтиот претседател на Република Македонија. По гласањето таа изјави дека конечно политичката зима во Македонија ќе заврши со сонце. Мислам дека таргетот на кој се концентрирав, односно групите граѓани за кои мислам дека ќе се инспирираат или да им се разјаснат дилемите дали […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 18:46
•
Posted by: MK News
Од оваа година 5 мај се одбележува како Ден на македонскиот јазик, со одлука која Владата ја донесе на седница минатиот месец. Прогласувањето е во чест на Решението на Народната влада на Федерална Македонија од 1945-та за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо и озаконувањето на првиот правопис со што беше стандардизиран […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 18:39
•
Posted by: MK News
Постигнат е бараниот цензус на вториот круг од претседателските избори. Според првичните информации до 18 часот е 41%. Оваа информација ДИК се очекува да ја соопшти на прес конференцијата закажана за 18:30 часот. На два часа до затворањето на избирачките места, поточно до 17 часот, на гласање излегле 665.985 граѓани, или 38,23 % од избирачите. […]
______________________________________________________________________________________________________
05/05/2019 14:42
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи, во текот на денешното гласање од вториот круг на претседателските избори, до 12 часот, нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир. Гласањето се одвива мирно и без проблеми, изјави на денешната прес конфренција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. МВР апелира граѓаните и во преостанатиот дел од денот, на мирен и […]
______________________________________________________________________________________________________