Archive | Македонија RSS feed for this section

Реакција на хематологија по смртта на Тоше Илиевски

ЈЗУ Клиника за хематологија-Скопје изразува најдлабоко сочувство до семејството на Тоше Илиевски за огромната загуба. Го разбираме интересот на јавноста за изгубениот млад човечки живот, но истовремено апелираме до сите да ја почитуваме неизмерната тага на неговите најблиски. Единствено што во овој момент можеме да го соопштиме е дека во конкретниот случај се работеше за […]

______________________________________________________________________________________________________

7-ми мај неработен ден за цела Македонија

Премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорѓе Иванов заедно ќе го пречекаат Папата Франциск на скопскиот аеродром при неговата еднодневна посета на Македонија. Последните информации велат дека поглаварот на Римокатоличката црква ќе биде примен само во претседателската резиденција на Иванов на Водно, а таму ќе биде и премиерот Заев. Франциск треба да слета во 8:30 часот […]

______________________________________________________________________________________________________

Се гласа на 3.480 избирачки места во земјава и на 32 во странство

Денешните шести по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 места во странство. Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, право на глас имаат 1.808.131 гласач во Македонија. Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, […]

______________________________________________________________________________________________________

ИЗБОРИ: Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија

Во Република Северна Македонија денеска се одржува првиот круг од шестите претседателски избори. Во претседателската трка се кандидатот на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова и Блерим Река, кој е поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса. На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР и денеска ќе издава лични карти

Одделенијата на МВР за управни работи ќе работат денеска, како и на 4 и 5 мај кога треба да се одржи вториот круг од претседателските избори. Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при МВР и тоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Сите гласачки места се отворени навремено и нема проблеми

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи. Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, посочи дека се формирани статични и мобилни тимови кои ќе го следат изборниот процес. Наведе дека, според информациите на МОСТ, сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми. Истакна дека на […]

______________________________________________________________________________________________________

Од полноќ молк – Македонија избира претседател во недела

На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк. Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со […]

______________________________________________________________________________________________________

Ни во градинка ни во школо без вакцина – Почнува теренската вакцинација

Медицински тимови од денеска ќе вршат теренска вакцинација во основните и средните училишта. Теренската вакцинација во школите следува по прогласената епидемија на морбили во целата држава. Министерот за образование Арбер Адеми вчера изјави дека е неопходно да се преземат мерки да не се загрози јавното здравје зашто состојбата со морбилите станува аларамантна. Адеми очекува теренската […]

______________________________________________________________________________________________________

Силјановска: Подготвена сум да ја носам етикетата ,,вмровка“, ќе се борам со Заевизмот

Професорката Гордана Силјановска Давкова која влезе во трка за претседател како независен кандидат поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, ги трча последните денови од претседателската трка пред одлучувачкиот ден во недела, а Фактор направи интервју со неа. Таа одговори на обвинувањата дека е вмровска блиска до ставовите на Груевски и Иванов. Вели спремна е да ја носи етикетата […]

______________________________________________________________________________________________________

Петок неработен ден – Потоа уште 4 дена одмор

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 26 април Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот. Потоа, следи викенд, па неработен е понеделник […]

______________________________________________________________________________________________________

Едно дете е на Интензивна нега – Епидемијата на морбили се шири во Македонија

Од 13 април до денеска во државава се регистирани 121 заболен од мали сипаници (лабораториски потврдени или поврзани со епидемиолошка врска), што е за пет помалку споредено со неделата пред неа кога беа пријавени 126 случаи, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје. По спроведената засилена вакцинација, […]

______________________________________________________________________________________________________

„Другата страна на политиката“ ја објави поканата до Пендаровски

„Другата страна на политиката“ по заедничкото интервју со претседателските кандидати Гордана Силјановска Давкова и Блерим Река во кое не учествуваше Стево Пендаровски објави демант дека третиот учесник на претседателските избори не бил повикан. – Почитувани наши следбеници и поддржувачи. Уште еднаш сакаме да го истакнеме нашиот концепт надвор од класичната политичка кампања, односно нашиот неутрален […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако нема цензус, претседател ќе се избира на избори без цензус или во Собрание

Доколку не биде постигнат потребниот цензус за избор на претседател на претстојните избори постојат две можности – шефот на државата да се избира непосредно од граѓаните без потребно мнозинство во вториот круг или да се избира во Собранието. Ова го изјави денеска министерката за правда Рената Дескосока, прашана дали се размислува за менување на Уставот […]

______________________________________________________________________________________________________

Полициските Тигри освоија прво место на меѓународниот натпревар во Јордан

Припадници на Единицата за специјални задачи Тигар, го освоија првото место во една од најсложените дисциплини TOP SHOT, на 11 меѓународен натпревар на специјални единици KASOTC, што се одржува во Јордан, Аман. Дисциплината ТOP SHOT се состои од полигонско тактичко пукање со пушка, пиштол и сачмарка, со ограничен број куршуми, во краток временски период и […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинет за масакрот кај Смилковци остана без адвокат

Отсуството на судијата Огнен Ставрев го одложи денешното судско рочиште за случајот „Монструм“, за 6. мај годинава. Насер Рауфи се откажа да го брани еден од обвинетите Агим Исмаиловиќ. Тој пак рече дека нема пари за нов адвокат, по што ќе му биде обезбеден адвокат по службена должност, пренесе Фактор. На претходните рочишта, кои беа […]

______________________________________________________________________________________________________

УХМР со најнови најави: Следува потопло време – од понеделник драстична промена на времето

Од утре до понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник кон крајот на денот ќе има нови локални врнежи од дожд. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежи од дожд ќе има од понеделник до среда, кога се очекуваат и […]

______________________________________________________________________________________________________

Река негира дека нарачал и снимил заедничко видео со Силјановска

Од штабот на кандидатот за претседател Блерим Река, се огласија за видеото со Гордана Силјановска Давкова. – Ова видео не е производство на штабот на Река, ниту нарачано, не е објавено на нашата официјална страница, туку автор е Другата страна на политиката, а на поканата одговори нашиот кандидат, не и Стево Пендаровски, велат од таму, […]

______________________________________________________________________________________________________

На 3 дена пред изборите крах на веб архивата на ДИК

Вистински хаос владее на веб сајтот на ДИК на само 3 дена пред првиот изборен круг. Освен резултатите од изборите во 2017 година, на веб сајтот на Државната изборна комисија која е задолжена да го спроведе гласањето не можете да најдете ниту еден податок за претходните изборни процеси, пренесува Прес24. Сите сервери кои ги хранеле […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1