Archive | Македонија RSS feed for this section

Мицкоски: Избори само со пржинска влада од 100 дена и со нов јавен обвинител и анкетна комисија

Пратеничката група е монолитна и останува на ставот дека Договорот не доби легитимитет на референдумот, изјави претседтелот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата Отворено на ТВ Алфа. За предвремени избори вели дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена, но мора претходно да се завршат одредени активности за да се дојде до предвремени избори. – Имаме Изборен законик. На […]

______________________________________________________________________________________________________

Мицкоски очекува дека ниту еден пратеник нема да оди спротивно на волјата на народот

Отприлика милион и 200 илјади граѓани со право на глас кои што одлучија, му кажаа на Зоран Заев и владата на СДСМ дека референдумот е неуспешен и оваа мнозинство и оваа волја на граѓани треба да ја почитува владата, парламентот и на сите пратеници, не станува тука збор за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, тука е апсолутна […]

______________________________________________________________________________________________________

Намалена казната на градоначалникот на Ново Село

Апелација во Штип му ја намали казната на градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, од 18 на 6 месеци затвор, потврди Основниот суд во Струмица. Според информациите, Апелациониот суд ја прифатил жалбата на одбраната на Стојчев за висината на казната со која претходно беше осуден од првостепениот суд на 1,5 година затвор. Намалени се и […]

______________________________________________________________________________________________________

Оставката на Димитров, лажна вест

Министерството за надворешни работи ја информира јавноста дека веста за оставката на министерот Никола Димитров е лажна. Попладнево некои од медиумите соопштија дека министерот дал оставка од функцијата, но од Министерството тоа веднаш беше демантирано. Демантираше со фејсбук статус и портпаролот на Влада Миле Бошњаковски

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: Референдумот не е анкета, одлуката на граѓаните обврзува, Собранието да ја почитува

На вчерашниот референдум народот го отфрли Преспанскиот договор. Со негласање, народот јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус.Тивкото мнозинство одлучи. Бојкотот е гласот на оние кои се потценети и не се слушнати, рече претседателот на државата Ѓорге Иванов во обраќањето да македонскиот народ и граѓаните на Република […]

______________________________________________________________________________________________________

Бејли: Останува на Парламентот да ги преземе следните чекори за имплементација на Договорот

САД силно го поддржуваат Преспанскиот договор. Сега по консултативниот референдум останува на Парламентот да ги преземе следните чекори во неговата имплементација, порача денеска американскиот амбасадор Џемс Бејли повторувајќи го ставот на Стејт департментот. – Ние го поздравивме резултатот од консултативниот референдум во кој голем број граѓани се изјаснија „за“ продолжување на патот на Македонија кон […]

______________________________________________________________________________________________________

ОБСЕ/ОДИХР и ПССЕ: Референдумот генерално мирен и добро организиран

Денот на референдумот генерално беше мирен и добро организиран. Постапките беа професионални, транспарентни и непристрасни, а кампањата мирна и активна. Ова се прелиминарните оценки на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и на Делегацијата на Советот на Европа во врска со референдумот што се одржа вчера во Скопје. На заедничката прес-конференцијата шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување […]

______________________________________________________________________________________________________

Стоилковски: Кривична до ЈО за масовно полнење на избирачки кутии

И покрај сите лаги, притисоци, местенки и секако полнења на кутии, на сите им е јасно дека народот на Република Македонија, суверенот на Република Македонија покажа исклучителна демократска и патриотска свест. Власта е целосно разголена, во својата немоќ вчера посегна по она по што е најпозната – криминалот, и тоа повторно во изборни цели, рече […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов во 17 часот ќе му се обрати на македонскиот народ

По вчерашниот референдум, прес конференција најави и претседателот Ѓорге Иванов. Прес конференцијата е закажана за 17 часот

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали потроши 3 милиони евра народни пари за неуспешен референдум Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го прашува премиерот Зоран Заев дали е вистина дека за кампањата за референдумот потрошиле 3 милиони евра народни пари. „Ден по референдумот, СДСМ им должи одговор на граѓаните колку пари потрошил за кампањата […]

______________________________________________________________________________________________________

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ОБСЕ околу референдумот

ВО ЖИВО: Прес-конференција на ОБСЕ околу референдумот Прелиминарната оценка за спроведениот референдум Граѓанската асоцијација МОСТ  ја соопшти на прес-конференција. video pressingtv.mk

______________________________________________________________________________________________________

ДИК ПРЕСЕЧЕ – РЕФЕРЕНДУМОТ Е НЕУСПЕШЕН, ОДЛУКА НЕ СЕ УСВОЈУВА, НЕ Е ПОСТИГНАТ ЦЕНЗУС !!!

Државната изборна комисија на прес конференција ги објави резултатите од 100% обработен материјал од вчерашниот референдум. Според статистиката, на референдумот гласале 666.743, односно излезноста процентуално била 36,91%. Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на прес конференција го соопшти извештајот на ДИК во кои стои дека одлуката не се усвојува, бидејќи не е исполнет цензусот на референдумот […]

______________________________________________________________________________________________________

ДИК ги соопштува првичните резултати од референдумот од 100% обработен материјал

Државната изборна комисија на својата интернет страна ги објави резултатите од 100% обработен материјал од вчерашниот референдум. Според статистиката, на референдумот гласале 666.743, односно излезноста процентуално била 36,91%. Од нив, ЗА гласале 91,46% од излезените гласачи, односно 609.813 граѓани, а ПРОТИВ биле 37.700, што процентуално изнесува 5,65%. 2,89% отпаѓа на неважечки гласачки ливчиња.

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска: Во блиска иднина оваа шанса нема да ја има

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на денешната прес конференција во Владата повика на заедништво, а поединечните и партиските интереси да се стават на страна. Таа очекува пратениците во Парламентот да ја прифатат пораката од референдумот, бидејќи ова прашање, како што кажа, е поголемо од секој од нас и од интересите на сите политички […]

______________________________________________________________________________________________________

На паркинзите на Град Скопје ќе се наплатува до 21 наместо до 23 часот

Од денеска почнува зимското сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје. Работното време во зоните А, Б и Ц од понеделник до петок ќе биде од 7:00 до 21:00 часот, а во сабота од 7:00 до 14:00 часот. – На јавната површина наменета […]

______________________________________________________________________________________________________

Повторно поскапуваат бензинот и дизелот

Регулаторната Комисија за Енергетика ги зголеми цените на горивата за еден денар. Од ноќеска по полноќ еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 73.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 75 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 67 денари.

______________________________________________________________________________________________________

Могерини и Хан: Граѓаните рекоа „да“, Собранието на потег

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во заедничка декларација, порачаа дека огромното мнозинство од граѓаните ја поддржаа спогодбата со Грција. – На мирен и демократски начин огромно мнозинство од оние кои го искористија своето право на глас рекоа „да“ за Преспанскиот договор за името и за […]

______________________________________________________________________________________________________

Ванхауте: Не губете време и пари на нови избори, рашавајте ги проблемите

Поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за Договорот од Пржино Питер Ванхауте синоќа на својот Фејсбук профил им честиташе на мнозинството граѓани што го поддржаа Договорот од Преспа на референдумот. Тој ја повика Владата да не поднесува оставка туку да продолжи со работата и со решавањето на проблемите во земјава, затоа што, како што пишува […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1