30/09/2018 22:33
•
Posted by: MK News
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски вечерва од штабот на партијата изјави дека граѓаните кои гласале „против“ на референдумот и оние кои не излегле на гласање ја испратиле најгласната порака дека „Ова е Македонија“. На прес-конференцијата, Мицковски оцени дека Македонија се изјаснила против Договорот со Грција. – Овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 22:30
•
Posted by: MK News
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан прв се огласи во Брисел за исходот од референдум, оценувајќи дека гласовите “за“ на референдумот се значајни и со тоа се дава поддршка на Договорот од Преспа. – Им честитам на оние кои гласаа денеска на консултативниот референдум и ги искористија своите демократски слободи. Со значајното “да“ има широка поддршка […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 19:59
•
Posted by: MK News
Премиерот Зоран Заев вечерва на прес-конференција изјави дека гласот даден на референдумот е конечен, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Тој им честиташе на сите кои излегле на референдумот за да гласаат. „Се надевам дека повеќето граѓани ја избрале европска Македонија. За неколку часа ќе почекаме, ќе ги видиме резултатите“ – рече Заев. Тој очекува […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 19:42
•
Posted by: MK News
Во скопскиот хотел Александар палас се наоѓа прес-центатор на коалицијата Заедно за европска Македонија, каде за половина час се очекува обраќањето на премиерот и претседател на СДСМ Зоран Заев. Претходно тука изјава ќе даде и претставник на коалицијата. Во прес-центарот во Александар палас во моментов се најголемиот дел од акредитираните новинари за референдумот за промена […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 19:33
•
Posted by: MK News
Пред Собранието на РМ, започнаа да се собираат привирзаниците на движењето „Бојкотирам“, кои се подготвуваат за прослава. На булеверот пред македонскиот парламент веќе е наместена бина за говорници, поради што е блокиран сообраќајот, а може да се забележи и големо полициско обезбедување, пренесува Макфакс. Државната изборна комисија (ДИК) на најновата прес-конференција соопшти дека на денешниот […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 19:29
•
Posted by: MK News
Поранешниот претседател и премиер на Македонија Бранко Црвенковски на гласачкото место 2809 се обидел да гласал со пасош, но го немало на избирачки список, известува набљудувачот на Цивил- Центар за слобода. Црвенковки при разговор со набљудувачот на Цивил рекол дека ќе се жали во Државната изборна комисија. https://civilmedia.mk/branko-tsrvenkovski-izbrishan-od-izbirachkiot-spisok/
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 19:07
•
Posted by: MK News
Од обработени податоци на 85 отсто од избирачките места, до 18,30 часот излезноста на референдумот на промена на името и за членството на Македонија во НАТО и ЕУ е 34,09 отсто од гласчите, соопшри Оливер Дерковски, претсеадтел на Државната изборна комисија.
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 19:02
•
Posted by: MK News
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Нова прес-конференција на ДИК
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 18:24
•
Posted by: MK News
Најголема излезност на референдумот до 17 часот има во Општина Сарај, каде што на гласање излегле скоро 17 илјади гласачи, односно над 54 отсто од запишаните избирачи. Во Липково гласале над 41 отсто од избирачите, во Центар над 40 отсто, а во Карпош и во Арачиново над 38 отсто од регистрираните избирачи, информираат од Државната […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 17:46
•
Posted by: MK News
На прес-конференцијата во 15:30 часот на Државаната изборна комисија, Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски изнесе податоци дека до 15:00 часот на гласачките места излегле 334.075 гласачи и дека таа бројка претставува 22,56 отсто од вкупниот број запишани гласачи. Но, 334.075 гласачи претставуваат 18,49 отсто од вкупниот број гласачи (1.806.336), а не 22.56 отсто, како што […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 17:44
•
Posted by: MK News
На прес конференција, претседателот на ДИК Оливер Дерковски соопшти колкава е излезноста на гласачите до 17 часот. Дерковски изјави дека од обработени 87,25% од пристигнатите податоци, гласале 455, 771 гласачи, или процентуално 28,83%. Споредбено со излезноста во 17 часот на изборите од 2017 и 2016 година, забележана е разлика и тоа: Во 2016 година излезноста […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 17:37
•
Posted by: MK News
Одѕивот на гласачите, според ПВТ програмата на МОСТ, до 16 часот е 26 отсто, соопшти МОСТ. На ГМ 2893/1 во општина Чаир 11 лица не се пронашле на Избирачкиот список. На ГМ 2828 во општина Центар регистрирани се 12 случаи на групно гласање. Доколку граѓаните не можат да се пронајдат во Избирачкиот список на избирачкото […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 17:34
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија за денеска во 17:15 часот ја најави петата пресконференција на која ќе ги соопшти резултатите од излезноста до 17 часот.
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 17:03
•
Posted by: MK News
Во своите извештаи од текот на гласањето за референдумот, Државната изборна комисија соопштува неточни податоци, реагираат грагани и медиумите. На прес-конференцијата одржана во 15.30 часот, на која што беа соопштени податоците за одзивот на гласање до 15 часот, претседателот на комисијата, Оливер Дерковски, соопшти дека до тој момент на гласачките места излегле 334.075 гласачи, но […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 16:21
•
Posted by: MK News
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на прес конференција објави аудио снимка во која, како што рече, женски глас се јавува кај граѓани и ги посетува да гласаат. https://youtu.be/9PoKQlZ4KO8 „Се јавуваме од главниот шраб на СДСМ, доколку не сте излегле да гласате ве потсетуваме да го сторите тоа“, вели женскиот глас на што граѓанинот прашува […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 16:14
•
Posted by: MK News
Стевче Јакимовски како што веќе најави, наместо да гласа на референдум, си прави ајвар со семејството.
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 16:11
•
Posted by: MK News
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски потврди дека нема да гласа на референдумот и вели дека манипулативно поставеното референдумско прасање придонесува апстиненцијата да е негов избор. – Македонија се буди, народот не може да се излаже ниту потцени. На маса имаме штетен договор со кој се сака да се преименува нашата држава и се губи идентитетот. […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2018 15:49
•
Posted by: MK News
Државната изборна комисија на прес конференцијата одржана во 15:30 информираше дека излезноста до 15 и 30 часот е 22,56, односно гласале околу 334 илјади граѓани. Заклучно до 15 часот гласале 334.075 избирачи, а претворено во проценти тоа е 22, 56 проценти, ова денеска на пресконференција го истакна претседателот на ДИК Оливер Дерковски. Тој вели дека […]
______________________________________________________________________________________________________