Archive | Македонија RSS feed for this section

ДИК: Гласањето мирно, без неправилности, излезеност до 9ч 2,45 отсто

На 3.480 гласачки места во 80 општини на територијата на Република Македонија право на глас имаат 1.806.366 гласачи. На сите гласачки места веќе два и пол часа гласањето тече мирно и без неправилности. До 9 часот од обработените податоци во ДИК, а пристигнати се податоци од 71,53 проценти од избирачките места, процентот на избирачи кои […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР ќе издава лични карти и денеска

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите одделенија за управни работи ќе работат и денеска (30 септември 2018). Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведена постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи, само доколку подносителот не поседува […]

______________________________________________________________________________________________________

Граѓаните на референдум се изјаснуваат за членство во НАТО и ЕУ и Договорот со Грција

Во Македонија денеска се одржува референдум на државно ниво на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“. Право на глас имаат еден милион 806 илјади и 336 гласачи запишани во Избирачкиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Заврши гласањето во Австралија – од пријавени 175 избирачи гласале само 13

Заврши гласањето во Автралија. На двете избирачки места во Австралија од вкупно пријавените 175 избирачи гласале 13. Во Мелбурн од запишаните 104 гласале 7 лица, додека во Канбера од 71 пријавен за гласање своето право го оствариле 6 лица. За споредба на парламентарните избори во Австралија излегле 47,26 % од пријавените гласачи.

______________________________________________________________________________________________________

Адеми: Снимањето е пријавено кај властите во Австралија

Откако од утрово на Фејсбук страницата „Предавници Traitors“ бојкотирачите се пофалија како ги снимаат, фотографираат и навредуваат граѓаните кои во дијаспората излегоа да гласаат на референдумот, конкретно во Мелбурн, Австралија, се огласија и македонските власти. Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, вели дека снимањето е пријавено кај властите во Австралија, снимачите се идентификувани и ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако студот продолжи од понеделник може да започне грејната сезона

Грејната сезона ќе започне во понеделник доколку продолжи трендот на дневна температура пониска од 12 степени, информира претседателот на Регулаторна комисија. Вели дека производителите и снабдувачите со топлинска енергија се подготвени грејната сезона да започне на 01.10.2018, наместо на 15.10.2018, како што предвидуваат правилата. “Нејќевме со прерано започнување на сезоната и во невообичаени режими на […]

______________________________________________________________________________________________________

Еден од убиените кај Рузвлетова бил брат на убиениот Џелал Ајети од Ченто

Синоќа, половина час по полноќ се случила престрелка на улица „Франклин Рузвелт“ бр.63 во близина на зградата на СЈО при што засега непознати лица пукале во возило „Сеат Алтеа“ во кое се наоѓале 44-годишниот Н.А., 49-годишниот А.П и 19-годишниот Ф.Е. Н.А. починал на лице место, додека Ф.Е. и А.П. биле пренесено во Клиничкиот центар „Мајка […]

______________________________________________________________________________________________________

Циклонот ке ја закачи и Македонија – следува промена на времето

Времето во Македонија ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне. Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната температура од 22 до 27 степени. УВ-индексот ќе изнесува пет. Во Скопје ќе биде умерено облачно […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР со апел до граѓаните и партиите: Во текот на утрешниот ден да се почитуваат законите

Министерствотo за внатрешни работи апелира до граѓаните, политичките партии и нивните симпатизери, во текот на утрешниот ден (недела 30 септември 2018 година) да ги почитуваат законите, да се воздржуваат од какви било нарушувања на јавниот ред и мир и било какво нарушување на тајноста на гласањето, како што е фотографирање или снимање. -Било какво однесување […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството нареди обдукција на двајцата загинати на „Рузвелтова”

По насоки од дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, екипи на СВР Скопје, крим-техника и на Одделот за крвни деликти при МВР извршија увид на лице место на улица „Рузвелтова” во Скопје каде што доцна синоќа две лица го загубија животот во престрелка, додека едно е тешко повредено. Трите лица се превезувале со […]

______________________________________________________________________________________________________

Во РЕК Битола немало експлозија, туку краток спој во Блок 2

Во РЕК Битола денеска во 15 и 20 часот дошло до краток спој во една од ќелиите за висок напон на Блокот 2, соопштуваат од РЕК Битола, отфрлајќи ги информациите дека настанала експлозија. – Денеска, околу 15:20 часот дојде до „куса врска” (т.н. краток спој) во една од ќелиите за висок напон на Блок 2 […]

______________________________________________________________________________________________________

Со сателитско снимање во Скопје откриени 237 дефекти на водоводната мрежа

Според последните истражувања и анализи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ загубата на вода во Град Скопје изнесува околу 50 отсто. За да се спречи или намали загубата на вода ангажирана е израелската компанијата „Јутилис“ (Utilis) за сателитско снимање и мапирање на сите дефекти во главниот град. Досега се откриени 237 дефекти невидливи за голо […]

______________________________________________________________________________________________________

Војводата од Кент во посета на Македонија за сто години од Првата светска војна

Неговото Височество, Војводата од Кент в понеделник ќе ја посети Македонија по повод активностите на Обединетото Кралство за одбележување на стогодишнината од Првата светска војна. Како што соопштија од Британската амбасада, Војводата од Кент на 1 октомври во близина на Раброво, ќе се информира за битките во Дојран и Костурино, со детали за бројот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Викендов МВР ќе издава лични карти

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела (29 и 30.09.2018). Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само […]

______________________________________________________________________________________________________

Температури под нулата измерени во Берово и Струмица

Температури под нулата утринава се измерени во Берово и Струмица, а во останатите градови низ државата утринските температури не се повисоки од 10 степени. Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во Берово се измерени -5 степени, во Струмица -1, во Петровец кај Скопје, Маврово и Тетово 0, Лазарополе 1, Штип, Крива Паланка, Куманово и Демир […]

______________________________________________________________________________________________________

Почна историскиот скрининг-процес за пристапување во ЕУ

Во Брисел вчера започна историскиот скрининг-процес за пристапување во Европската унија. Скринингот почна со Поглавјето 23 Правосудство и фундаментални права. Во Европската комисија во Брисел се наоѓа 40-члена делегација составена од експерти од надлежните државни институции кои имаат надлежности во дадената област, предводена од главниот политички преговарач вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, а во […]

______________________________________________________________________________________________________

Жерновски и Коѕиас излегле во исто време од говорот на Иванов

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас и заменик министер за надворешни работи Андреј Жерновски во исто време ја напуштиле пленарната сала на Генералното Собрание на Обединетите Нации додека траеше говорот на македонскиот претседстел Ѓорге Иванов. Жерновски и Коѕиас ја напуштија салата токму во моментот кога Иванов рече дека Грција ги повредува човековите права на […]

______________________________________________________________________________________________________

Слушнете го целиот говор на Иванов во ОН: Јас не гласам, со промена на името ќе имаме полусуверена држава (ВИДЕО)

Претседателот Ѓорге Иванов се обрати пред Генералното Собрание на Обединетите Нации од каде посочи дека и покрај правото на самоопределување врз основа на кое Македонците на 8 Септември 1991 година прогласија независност и своја држава, Македонија беше примена во Обединетите Нации под привремената референца ФИРОМ. Претседателот потенцираше дека и покрај ова право кое е неприкосновено […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1