Archive | Македонија RSS feed for this section

Германски експерти пристигнуваат деновиве за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово

Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за пожарот во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово. Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца полесно повредени пожарникари имало при гасењето на пожарот во тетовската болница

Игор Симовски е еден од двајцата повредени пожарникари од Тетовската територијална противпожарна единица при гаснењето на пожарот во модуларната болница во средата, кој на средба со новинарите раскажа и за предизвиците со кои се соочиле тој и неговите колеги. При интервенцијата му се повредени двете потколеници од нозете. -Електричната енергија не беше исклучена, кислородот не […]

______________________________________________________________________________________________________

МЗ: Модуларната болница во Тетово изградена согласно сите предвидени процедури и стандарди

Откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот во модуларната болница во Тетово, Министерството за здравство ја информира јавноста дека сите 19 модуларни ковид болници во државата, се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја […]

______________________________________________________________________________________________________

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ЌЕ СЕ ВКЛУЧАТ ВО ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО, ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичниот пожар во модуларниот ковид центар во болницата во Тетово, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната вонредна седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава. Како што соопшти владината прес-служба, за […]

______________________________________________________________________________________________________

Меѓу 14-те загинати во пожарот во Тетово има и еден посетител

Меѓу 14-те загинати во вчерашниот пожар во Тетово има и еден посетител, јавува Телма повикувајќи се на неофицијални информации. Телевизијата објави дека најверојатно станува збор за женско лице кое во моментот на пожарот било на посета во модуларната болница. Како што објави Телма, бројот на преживеани најверојатно е 13 со оглед на тоа што еден […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетовската модуларна болница имала проблеми уште при отворањето

Еден ден по извршениот технички прием на модуларната болница во Тетово на 15 април биле утврдени грешки при изведбата. Во август беа оштетени цевките од доводот за кислород. Тендерот за изградба на 17 модуларни болници во земјава лани го доби велешката фирма „Брако” заедно со валандовската „Ари и Том”. Преку заем од Светската банка, државата […]

______________________________________________________________________________________________________

По обдукцијата на телата ќе се знае дали е потребна ДНК анализа, велат од Судска медицина

Директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, во изјава за Сител изрази очекување дека обдукцијата на телата на загинатите во синоќешниот пожар во модуларната болница во Тетово да заврши денеска. По наредба на петте обвинители кои се вклучени во истрагата, се прават обдукции врз починатите во пожарот кои настрадаа лекувајќи се од ковид-19. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

Советот на општина Тетово прогласи тридневна жалост

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи изрази сочувство до сите граѓани на Тетово денеска на прес-конференција во општината. Таа информираше дека прогласена е тридневна жалост во Тетово. -Како што веќе бевте информирани, се одржа седница на Советот. Дадени се три дена жалост, и исто така додека ги добиеме официјалните информации во однос на идентитетот на жртвите […]

______________________________________________________________________________________________________

Арифи: Сите преживеани во вчерашниот пожар во Тетово се во стабилна здравствена состојба

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи одговарајќи на новинарско прашање рече дека сите преживеани во вчерашниот пожар во Тетово се во стабилна здравствена состојба. -Во моментот информирани сме дека тие се во стабилна состојба. Во меѓувреме ќе одржиме уште еден состанок во кој дополнително ќе бидеме информирани за секој пациент посебно, рече Тетово, додавајќи дека сите […]

______________________________________________________________________________________________________

Во ковид-центарот во Тетово имало 26 пациенти, 14 загинаа, 12 се префрлени во тетовската болница

Министерството за здравство соопшти дека во вчерашниот пожар во ковид – центарот во Тетово загинаа вкупно 14 лица. Во ковид – центарот за време на пожарот, како што се посочува, имало вкупно 26 пациенти, останатите 12 се на лекување во тетовската болница и се надвор од животна опасност. -Нема настрадани здравствени лица, неколкумина се со […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев не даде изјава по пожарот во Ковид центарот во Тетово – не сака да шпекулира

Премиерот Зоран Заев замина по состанокот на Кризниот штаб во Тетово, но не даде изјава за случувањата, односно за бројот на жртви во пожарот во Ковид центарот, ниту пак причината за неговото настанување. Заев на поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции. Поради пожарот во […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Има потврдени 10 жртви, бројката може да порасне!

Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата, објави Венко Филипче, министер за здравство вечерва на твитер. Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да […]

______________________________________________________________________________________________________

НЕОФИЦИЈАЛНО: 30 МРТВИ ВО ТЕТОВО, меѓу нив и пациенти, но и медицински персонал!

Неофицијално според телевизија Сител, вечерва во пожарот во ковид болницата во Тетово починале околу 30 жртви. Меѓу нив имало и пациенти, но и медицински персонал. Инаку и екипи од против пожарната единица во Скопје учествувале во гаснењето на пожарот, а дел од пациентите се пренесуваат и во Скопје на соодветен третман.

______________________________________________________________________________________________________

Заменик-командирот на тетовската противпожарна единица: „Се вадеа жртви, не може да го знаеме бројот“

Повеќе од 30 пожарникари кои интервенираа со седум возила за речиси половина час го изгаснаа пожарот што избувна вечерва во модуларната болница во Тетово. Како што изјави заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, но тоа се очекува да биде и официјално потврдено. -Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Филипче: Страотна несреќа се случи во Тетово, има и жртви во пожарот во Ковид центарот

Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожарот е изгасен и се подготвува увидот на полициските и пожарните екипи

Пожарот е изгасен и се подготвува увидот на полициските и пожарните екипи, кои ги растеруваат бројните граѓани што се насобрани околу болницата, од кои многумина учествуваа во гасењето. Пред болницата е и Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, видно потресена даде куса изјава дека пожарот почнал внатре во болницата, и се проширил со молксавична брзина, уште […]

______________________________________________________________________________________________________

Алсат: Во пожарот во модуларната болница во Тетово има жртви и од пациентите и од медицинскиот персонал

Според извори на Алсат, во пожарот во модуларната болница во Тетово има извештаи за жртви, како од пациентите така и од медицинскиот персонал. Модуларната болница целосно изгоре, а пожарот се уште е активен во дел од зградата. Се очекува во секој момент изјава од властите за билансот на жртвите. Противпожарната бригада е на местото на […]

______________________________________________________________________________________________________

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Неколку жртви во пожарот во тетовската болница?

Околу 21 часот избувна пожар во модуларната болница во Тетово. Во моментов на терен се противпожарни екипи, но во гаснење на пожарот и во евакуирање на пациентите помага и болничкиот персонал. Вклучени се и голем број граѓани. Поради силниот интензитет на пожарот, три возила на скопската противпожарна служба веќе се на пат за Тетово. Од […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1