15/11/2017 12:31
•
Posted by: MK News
Дождот кој од утринава врне скоро низ целата држава, се очекува денес да биде пообилен во јужните и централните делови. Утре пообилни врнежи ќе има во северозападните, централните и југоисточните делови, а во петок во југозападните. Од утре до сабота локално се очекува да наврнат над 40 л/м2. Најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:28
•
Posted by: MK News
Вкупно 11 полицајци вработени во Шестата управа во петокот добија отказ поради тоа што не постапувале професионално за време на „крвавиот четврток“ на 27 април во Собранието, а како што потврдија од Министерството за внатрешни работи, дисциплински постапки се водат против вкупно 70 старешини и се суспендирани 31 полицаец, затоа што како службени лица не […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:23
•
Posted by: MK News
Македонската проектантска компанија „Тетрактис“ на архитектот Кристијан Јорданов освои гран-при за проектирање на Меѓународното биенале за архитектура во Минск, Белорусија, за проектот Конзервација, реконструкција и адаптација на црквата „Св. Никола“ во Mаврово. Од 9 до 11 ноември во Палатата на уметностите во главниот град на Белорусија се одржа доделувањето награди на победниците на 12. Национален […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:14
•
Posted by: MK News
Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ во Охрид, Гордана Доневска, која направила прераспоредување на кардиологот Никола Бакрачески, пред три недели го унапредила нејзиниот сопруг како раководител на болнички сектор, што практично е втора највисока функција во болницата. Сопругот на актуелната директорка, докторот Зоран Доневски преходно имал функција на доктор во амбуланта кој вршел прегледи на […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:10
•
Posted by: MK News
Ексградоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, по завршувањето на својот мандат, се врати во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“, но на негово изненадување актуелната директорка Горадана Донеска го прераспределила од салата за интервнции на срце во одделението за срцеви артмии, кое е најниско одделение по хиерархија, каде што се се вршат кардиолошки прегледи. Позицијата што ја добил […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 16:12
•
Posted by: MK News
Владата нема да иницира промени во Законот за медиуми со кој би се регулирала работата на порталите, но е отворена за сугестии за законот доколку професионалните здруженија сметаат дека има потреба од тоа. Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска одговорајќи на новинарско прашање по средбата со претставникот за медиуми […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:56
•
Posted by: MK News
Работниците да ги пријават работодавачите кои им исплатиле минимална плата, а потоа ги побарале парите назад, апелираше денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната середба со бизнисмените во Стопанската комора на која им беа презентирани активните мерки за вработување за годинава. – Мораме да го документираме ваквото однесување за да се […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:52
•
Posted by: MK News
Десет од учениците кои се превезуваа во автобусот кој утринава се судри со комбе на патот Демир Хисар – Кичево се полесно повредени, а потешко повреден е еден од возачите на автобусот. Од Клиничката болница во Битола, каде се однесени повредените, информираат дека повредените ученици по укажаната лекарска помош се пуштени дома, а возачот, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:46
•
Posted by: MK News
Под влијание на циклонска активност со центар над јужна Италија до петок ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Денес врнежите ќе бидат послаби и повеќе застапени во западните и северните делови, а ќе се интензивираат во втората половина на ноќва. Во овие денови на повеќе места врнежите ќе бидат обилни и се очекува […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 15:44
•
Posted by: MK News
Триесетина ученици се повредени во сообраќајна несреќа што се случи утрово, околу 7.30 часот, на патниот правец Демир Хисар-Кичево. Несреќата се случила кога автобусот во кој се превезувале 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар се судрил со комбе. – Утринава се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 10:29
•
Posted by: MK News
Утре стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено се соочуваат со глоба во износ од 45 евра во денарска противредност, односно регистрирање на 25 негативни бодови. Полициски […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 10:20
•
Posted by: MK News
Очекувам на 20 или 21 ноември да се одржи првата средба меѓу преговарачите од Македонија и Грција со посредникот на Обединетите нации во решавањето на спорот со името, Метју Нимиц, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање од Ројтерс, по средбата со словенечкиот премиер Миро Церар во Љубљана. Тој зборуваше за натамошниот тек на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/11/2017 10:14
•
Posted by: MK News
Во Република Македонија 147.000 луѓе боледуваат од хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Под мотото „Многуте лица на ХОББ“, утре ќе се одбележи Светскиот ден на ХОББ, а целта е подигнување на свеста, информирање на јавноста за манифестациите, можните последици и превентивните и тераписките можности, со што би овозможиле навремено дијагностицирање и подобрување на грижата за […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 21:28
•
Posted by: MK News
Влажен бран со обилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток. Наместа ќе наврнат и до 60 литри на метар квадратен. Локално, особено на југ, ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Максималните температури ќе бидат до 15 степени. УХРМ соопшти дека промената на времето е поради влијанието на циклонска […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 21:21
•
Posted by: MK News
И ,,Воинот на коњ‘‘ е предмет на ревизија на Министерството за култура. Во елаборатот според Министерот Алаѓозовски, кој не откри дали споменикот ќе се уништи или дислоцира, се наведени грешки во тендерите, прекршување на процедурите за изведба и начинот на финансирање. -Да не најавувам помпезно дека ќе дислоцираме, дека ќе уништуваме, дека ќе отстрануваме – […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 21:19
•
Posted by: MK News
Отказни решенија утрово им биле поделени на 11 полициски службеници за кои завршила дисциплинската постапка. Оние за кои комисијата утврдила дека ги прекршиле правилата за работа заминуваат од МВР. Сите кои добиле отказ се дел од стотината службеници кои беа ангажирани во македонското собрание на 27 април годинава, а за кои постои сомнеж дека не […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 13:25
•
Posted by: MK News
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 за три, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара од литар, соопшти Регулатроната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 13:23
•
Posted by: MK News
Во Лисиче вчера воздухот бил загаден 10 пати над дозволеното. мерните станици регистрирале зголемено аерозагадување во сите скопски општини, но и во повеќе градови во државата. Мерките на надлежните засега се само во најава. Воздухот во Лисиче синоќа бил загаден 10 пати над дозволеното. Мерните станици на министерството животна средина измериле вредност на ПМ честичките […]
______________________________________________________________________________________________________