13/11/2017 13:21
•
Posted by: MK News
Шест часа, од десет часот синоќа до два часот утрината викендов, траела координираната акција на полицијата со инспектори од УЈП, инспекторатот за труд и пазарниот инспекторат во која ја чешлале работата на 24 угостителски објекти. Кај повеќе од половина биле утврдени неправилности во врска со пречекорачување на работното време, точење алокохол на малолетници или пак, […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 11:08
•
Posted by: MK News
Цените на бензините и на дизел горивата пред две недели поскапеа за половина до еден денар по литар, со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика. Стандардно по две недели од претходната корекција на цената на нафтените деривати, се очекува нова цена на горивата. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 10:52
•
Posted by: MK News
Две девојки направиле план како да си ја подноват гардеробата без за тоа да се потрошат пари. – Девојките во детали скроиле план, одбрале облека, успеале да ја скријат, но при обидот да ја напуштат продавницата каде што “пазареле”, биле запрени и фатени за кражба. Планот останал јалов бидејќи, при планирањето не предвиделе дека можат […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 10:49
•
Posted by: MK News
Алијансата за Албанците останува во владината коалиција. Ова, соопшти за МИА протпаролот на партијата Флакрон Беџети, е потврдено на средба помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села. Според него, нивната партија продолжува да биде дел од Владата со своите претходни позиции. – Средбата беше конструктивна, во […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 10:46
•
Posted by: MK News
Цели 18 часа беспомошно лутале по Шар Планина во лоши временски услови и густа магла. Седум македонски планинари тргнале да ги бараат низ Шар Планина за по пет часа конечно да ги пронајдат и спасат. Српските планинари, преморени и исплашени, им се заблагодарија на македонските планинари, бидејќи како што рекоа, ги спасиле во последен час. […]
______________________________________________________________________________________________________
13/11/2017 10:42
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со локален карактер. Во јужните, а особено во југоисточните делови, ќе има услови врнежите да бидат поројни и со појава на грмежи. Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови. Дневните […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2017 21:17
•
Posted by: MK News
Пообилни врнежи од дожд, наместа и до 25 литри на метар кавдратен, а на планините снег, најавува за претстојниот викенд Управата за хидрометеоролошки работи. Врнежите од дожд ќе бидат поизразени утре попладне во западните и јужните делови на Македонија. Снег, пак, ќе паѓа на повисоките планини во североазападна Македонија. Во недела и понеделник врнежите ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2017 21:16
•
Posted by: MK News
Одделението за сообраќај при Секторото за Внатрешни Работи – Скопје во текот на викендот поради утрешниот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Македонија и Норвешка на Арената Телеком во Градскиот парк и поради најавениот музички настан во ВИП Арената, како и заради најавените спортски настани во недела (атлетска трка, и ракометен натпревар) ќе спроведе посебен сообраќаен […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2017 20:51
•
Posted by: MK News
Премиерот Заев позитивно гледа на иницијативата која утрово ја предложи дипломатскиот клуб за именување на скопскиот аеродорм со името на Киро Глигоров. Од клубот велат дека ја поддржуваат иницијативата како чекор достопен за одбележување на 100 годишнината од раѓањето на Глигоров. Со именувањето на скопскиот аеродром со името на претседателот Глигоров, на најдостоен начин ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2017 20:43
•
Posted by: MK News
Од среда следната недела (15 ноември) стапува во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Глоба од 45 евра и можност за исклучување од сообраќај Со непочитување на правилата за користење и носење зимска опрема возачите се изложуваат себе и другите учесници во сообраќајот на опасност и истовремено, според член 361 од […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2017 20:43
•
Posted by: MK News
Недозволена љубовна врска е причината за синоќешниот напад врз докторот од Клиниката за Токсикологија, дознава Скопје Инфо од извори на Клиниката. Неофицијално, докторот подолго време бил во љубовна врска со сопругата на напаѓачот и таа врска пред извесно време резултирала со несакана бременост што e директна причина за нападот, пишува Скопје Инфо. Докторот бил нападнат […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2017 16:10
•
Posted by: MK News
Лекарот, кој беше нападнат синоќа на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, е 48-годишниот Н.З. од Слупчане, кумановско. Тој е прободен во пределот на грбот со остар предмет од страна на непознато лице. Полицијата го потврди случајот и информира дека вчера околу 19:50 часот во полиција е пријавено дека на Ургантниот центар е донесено повредено […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2017 21:58
•
Posted by: MK News
Целава измината недела скопјани се принудени да дишат високо ниво на канцерогени ПМ 10 честички. Само во изминатото деноноќие нивото на загаденост ја надминуваше граничната вредност на загадување во сите скопски општини. Поразителни се податоците со кои излезе Министерството за животна средина за тоа дека скопјани речиси секој ден во изминативе 10 месеци дишеле воздух […]
______________________________________________________________________________________________________
08/11/2017 21:39
•
Posted by: MK News
Инспекцијата на Општина Карпош и комуналните инспектори, за време на вонредната контрола вчера во доцните попладневни и ноќни часови во Злокуќани констатираа палење на секундарен отпад, што е еден од најчестите загадувачи на воздухот, соопшти Општина Карпош. Околу 20.30 часот, при контрола на потегот од крајот на булевар Илинден до СЦ „Борис Трајковски“, општинските инспектори […]
______________________________________________________________________________________________________
08/11/2017 14:48
•
Posted by: MK News
Заменик-помошникот на американскиот државен секретар, Хојт Брајан Ји можеби ќе биде идниот амбасадор на САД во Македонија, објавија денеска повеќето белградски медиуми. Тие ја пренесуваат веста на Радио Глас на Америка, според која меѓу останатото на прашањето за можноста да биде иден амбасадор на САД во Скопје, Хојт Ји не сакал ниту да ја потврди, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/11/2017 14:47
•
Posted by: MK News
До крајот на овој месец ќе се одржи средба на ниво на преговарачи во врска со спорот за името. При крај сме со утврдување на датумот. Во оваа прва фаза нема да има посета на медијаторот Метју Нимиц на регионот. Најверојатно тоа ќе биде овој месец и штом сето тоа се дефинира ќе информираат од […]
______________________________________________________________________________________________________
08/11/2017 14:45
•
Posted by: MK News
Мора да разговараме отворено бидејќи 150 македонски граѓани им се приклучиле на борците на ИСИС во Сирија и Ирак како и што се случува со оние коие се вратиле од таму, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли на отворањето на регионалната вежба „Странски терористички борци: Промовирање превенција и отпор“. Тој вели дека Македонија и регионот не […]
______________________________________________________________________________________________________
08/11/2017 14:40
•
Posted by: MK News
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната средба со новинарите уште еднаш потврди дека повредениот со огнено оружје во неделата кај Ѓавато, кој е брат на градоначалничката на Битола Наташа Петровска се самоповредил и дека шпекулации се информациите дека во него било пукано откако претходно имало и физичка пресметка со лицето кое било со […]
______________________________________________________________________________________________________