18/11/2017 19:08
•
Posted by: MK News
Медијаторот Метју Нимиц закажа нова рунда на разговорите за името на 11 и 12 декември во Брисел. Канцеларијата на посредникот кратко соопшти дека средбата е дел од напорите на ОН за да им се помогне на двете страни да најдат заеднички прифатливо решение за прашањето на името. Првично разговорите беа закажани за 20 и 21 […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 17:03
•
Posted by: MK News
Се заштитуваат бремените жени и оние кои планираат да раѓаат. За отказ на бремена жена газдата ќе заработи казна од три илјади евра и обврска да ја врати на работа.Многу често врз популацијата од женски род се врши дискриминација и од кандидатките се бараат одговори кои никаде не се запишани на хартија, ниту во објавениот […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 17:03
•
Posted by: MK News
Облак со нискo ниво на радиоактивност минаува низ дел од Балканот и Европа во последниве две недели. Ова го тврдат податоците на Францускиот институт за нуклеарна безбедност ИРСН. Според нивната студија, радиоактивниот радионуклид Рутениј-106 бил содржан во облакот кој има неконтролирано движење, јавува британски „Гардијан”. Како што наведува угледниот британски магазин засега причината за радиоактивноста […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 17:01
•
Posted by: MK News
Најавената забрана за движење на возила на патот до Средно Водно ќе се воведе од следниот викенд. Одложувањето, како што денеска соопшти Град Скопје, е поради неповолните временски услови најавени за наредните денови и техничките прашања околу усогласување на регулативата. Забраната ќе важи во еден правец, односно од клучката за Сопиште до Средно Водно и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 16:56
•
Posted by: MK News
Тринаесетгодишна ученичка од гостиварското основно училиште „Единство – Башкими“, по пад од столче со тешки повреди на ’рбетот е пренесена на скопските клиники. Според СВР Тетово, до повредувањето дошло утрово во една од училниците, за време на големиот одмор. Девојчето се нишало на столчето и во еден момент ја изгубило рамнотежата и паднало на подот. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 14:25
•
Posted by: MK News
Охриѓани, стружани, жителите на Дебар и на останатите населени места во пограничната зона кон Албанија, со години имаат проблем со упаѓање на сигналот на албанските во македонските оператори, посебно кај ВИП. Кога сигналот е послаб или целосно ќе падне од наша страна, тогаш корисниците плаќаат како да се во роаминг, односно како македонските мрежи да […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 14:22
•
Posted by: MK News
Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница отвори предмет за случајот во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ – Охрид каде што директорката Гордана Доневска направила прераспоредување на кардиологот Никола Бакрачески и го унапредила својот сопруг како раководител на болнички сектор, велат антикорупционерите за Плусинфо. Министерството за здравство соопшти дека детално ќе ја испита […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 14:21
•
Posted by: MK News
Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски од Кривичен е прераспределен во Одделот за прекршоци при истиот суд. Одлуката за прераспределбата е донесена од новиот претседател на судот Иван Џолев. Во периодот кога Панчевски беше претседатела на скопска единица, одлучи судијата Џолев да го прераспореди во прекршоци. Потоа следуваше кривична пријава од Џолев […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 14:01
•
Posted by: MK News
Строгиот центар на Скопје утрово е без парно греење поради дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток. Од компанијата „БЕГ“ која е задолжена за дистрибуција и снабдување со топлинска енергија информираат дека екипи работат на санација на дефектот и оти се очекува околу пладне корисниците од овој дел на градот да […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 13:54
•
Posted by: MK News
Во Зајас, Кичево, утре ќе бидат погребани посмртните останки на албанските жртви од масакрите од 1913 година па сè до Втората светска војна кои беа пронајдени во некои масовни гробници. По барање на Организацискиот Совет за откривање на злосторствата врз Албанците во минатиот век, Али Ахмети, како иницијатор на активностите за расветлување на геноцидните злосторства […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 13:45
•
Posted by: MK News
Од недела се очекува заладување со дожд на пониските места и снег на планините и на повисоките места над 800 метри. УХРМ денеска соопшти дека под влијание на постудена и релативно влажна воздушна маса од недела ќе преовладува облачно време, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд во западните и северните делови […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 13:41
•
Posted by: MK News
Поставени се нови директори во три јавни претпријатија кои се под надлежност на Град Скопје, потврдуваат од таму. На местото на Игор Јанушев во Јавното сообраќајно претпријатие е поставен Кристијан Чушков, а на местото на Александар Атанасов во ЈП Водовод и канализација е назначен Душко Весковски. Промена има и во ЈП Улици и патишта, па […]
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2017 13:37
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи го идентификувало убиецот на фудбалерот Мартин Јанушев и распиша потерница по него. Од извори во истрагата дознаваме дека станува збор за Филип Секуловски, осуденик кој во затворот во Шуто Оризари издржуваше шестгодишна казна затвор за трговија со дрога. Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството, информираше денеска министерот […]
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2017 11:32
•
Posted by: MK News
Соообраќајот на „Јужен булевар“ во Скопје од изутринава се пренасочува по улицата „Јордан Мијалков“. Како што потврдија за МИА од МВР, пренасочувањето е поради насобрана поголема количина на вода зад Трговскиот центар „Рамстор“.
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:40
•
Posted by: MK News
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев уште чека одговор од пратеничките групи за предлозите што ги даде летоска за намалување на неговите трошоци како охриѓанец и на патните трошоци на останатите пратеници кои патуваат во Скопје на работа, пишува СДК. Тој на прес-конференција во јули, понуди четири варијанти за значително намалување на патните […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:39
•
Posted by: MK News
Во Македонија до петок се очекуваат обилни врнежи од дожд кои најинтензивни ќе бидат во јужните и западните делови каде локално може да наврнат и до 70 литри на метар квадратен. Во јужните делови ќе има услови за пороен дожд и ретки грмежи. Според УХРМ, најмалку врнежи се очекуваат во крајните источни делови. Во четврток […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:37
•
Posted by: MK News
Агенцијата за филм како опција денеска понудија изградба на парк во кој ќе се сместат сите спомен обележја од проектот Скопје 2014. Доставени се првите елаборати за Министерството за Андон Јанев Ќосето кај комплексот судови и за Мајка Тереза и Воин на коњ на плоштад „Македонија“, а Владата ќе одлучи што да се прави со […]
______________________________________________________________________________________________________
15/11/2017 12:34
•
Posted by: MK News
Македонската филхармонија соопшти дека се приклучува кон хуманитарната акција за собирање средства за лекувањето на седумгодишната Валерија Зафировска од Штип, која боледува од тумор на мозокот. Приходот од продадените билети за симфонискиот концерт за деца „Магичен глас“ кој ќе се одржи во сабота во 12 часот, ќе биде наменет за лекувањето на Валерија, стои во […]
______________________________________________________________________________________________________