Archive | Македонија RSS feed for this section

Шилегов издал налог галиите да „отпловат“ од Вардар

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потврди дека издал налог за да се почне постапка за дислоцирање на галиите од реката Вардар. – Ги испитуваме позициите на сите три објекти и визави таа позиција ќе бидат донесени соодветни решенија. Галиите во Вардар се небезбедно решение за граѓаните на Скопје – потенцира Шилегов. На новинарско прашање за […]

______________________________________________________________________________________________________

Директорот Донев ќе ги врати парите за билетот во бизнис класа до Аргентина

Директорот на агенцијата за туризам Александар Донев, кој патувал со бизнис класа за Аргентина, најавил дека ќе ги врати парите со кои било доплатено за седиште во бизнис класата, објави Телма. Авионската карта за бизнис класа била за 30 отсто поскапа од економската, додека првата чинела околу 220.000 денари, втората чинела 180.000 денари. Директорот Донев […]

______________________________________________________________________________________________________

Бошкоски: Во затворот ме принудуваа да пијам големи дози на седативи

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека додека бил во истражниот затвор „Скопје“ на некој начин го дрогирале со седативи, односно го принудувале да пие таблети за смирување. – Најмонструозното е присилувањето да конзумирам таблети за смирување, во присуство на затворските службениците. Морав пред нив да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро – се враќа на почеток

Случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро во 2012 година се враќа на почеток. Ваква одлука донесе Врховниот суд на земјава. Оттаму информираа дека жалбите на одбраната се уважени, првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот се враќа во Кривичниот суд на повторно одлучување. Претходно, обвинителката Лилјана Спасовска побара постапката да се врати […]

______________________________________________________________________________________________________

ОМД загрижена за влошеното здравје на Едмонд Темелко

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) е сериозно вознемирена од веста за влошеното здравје на Едмонд Темелко, градоначалник на Пустец, Албанија, кој во 2010 година ја доби Наградата за човекови права на ОМД и инсистира СЈО веднаш да побара отпуштање од притвор. Еве што се вели во дописот од ОМД  ОМД му испраќа најискрени желби за брзо […]

______________________________________________________________________________________________________

Љубе Бошкоски ќе поднесе кривична пријава против судијката Радица Василевска

Ќе поднесеме кривична пријава против судијката Радица Василевска за активно учество во политички монтираниот случај „Кампања“, вели во интервју за „Макфакс“ претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Бошкоски додава дека тој и неговиот адвокатски тим имаат несоборливи докази дека станува збор за полициско-политичка местенка и ќе водат паралелна постапка на страна од Специјалното обвинителство […]

______________________________________________________________________________________________________

Почнува „генералката“ на Скопје

Градските власти денеска од општина Бутел ја почнуваат големата акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите скопски општини во период од дваесетина дена. – Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со […]

______________________________________________________________________________________________________

Најстудено во Берово минус четири, во Скопје минус три

Најниска температура изутринава во седум часот е измерена во Берово, минус четири степени целзиусови, по што следат Скопје Петровец и Тетово со минус три, Битола, Струмица и Демир Капија со минус два, Лазарополе, Штип и Куманово. со минус еден. Нула степени се регистрирани во Скопје Зајчев Рид, Прилеп и Крива Паланка, еден во Охрид, Гевгелија […]

______________________________________________________________________________________________________

МВР го објави ликот на осомничениот за убиство на Мартин Јанушев

Филип Секуловски, осомничен за убиството на 28-годишниот Мартин Јанушев, е ставен на листата за потраги објавена на веб сајтот на Министерството за внатрешни работи. МВР соопшти дека Секуловски е осомничен за убиството на Јанушев и дека по него е распишана меѓународна потерница. – Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин […]

______________________________________________________________________________________________________

Поевтиниот роаминг со Бугарија ќе се официјализира утре

Владите на Македонија и на Бугарија го одобрија меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, соопштија прес-службите на владините кабинети на двете држави. Меморандумот ќе биде потпишан утре во тек на […]

______________________________________________________________________________________________________

На родилка во Скопје, во утринскиот сендвич некој и подметнал 4 апчиња

Сендвич зачинет со дрога и бил однесен на родилка на скопска гинекологија еден час по породувањето. Во јадењето имало 4 таблети со сина боја најверојатно екстази, кои ги забележала медицинска сестра, по што веднаш пријавиле во МВР. Тројцата непознати мажи кои ја донеле храната, според сведочењата на дежурниот персонал од ГАК, биле агресивни, се расправале […]

______________________________________________________________________________________________________

Грабнато 13-годишно девојче од Скопје

Синоќа во 21,50 часот во ПС-Кисела Вода, Р.И. (45), пријавил дека околу 21,30 часот неговата ќерка А.И.(19) му кажала дека на нејзиниот мобилен телефон и се јавило лицето Н.Х. (25) и ја прашал каде е нејзината 13-годишна сестра. Пријавителот се јавил на телефонскиот број од кој била повикана А.И. по што Н.Х. му одговорил дека […]

______________________________________________________________________________________________________

Двајца уапсени за бизарното убиство во Гевгелија – го убиле за мобилен телефон

Две лица се уапсени поради убиството на 41 годишниот Б.Р. кое се случи во Гевгелија. Банална расправија за мобилен телефон била причината поради која дошло до караница и која на крај завршила со трагичен епилог. Од СВР Струмица информираа дека за убиството се осомничени две лица од Гевгелија против кои се поднесени и кривични пријави. […]

______________________________________________________________________________________________________

Од АЕК со информација што се случувало зошто наплаќаче оператори роаминг иако се во Македонија

Во врска со информацијата која ја објавија медиумите дека македонски оператори наплаќале на македонски корисници како да вртеле во роаминг, а додека биле на територијата на Македонија, ПРИСТИГНА ОБЈАСНУВАЊЕ што точно се случувало од Агенцијата за Електронски Комуникации (АЕК). Според пишувањата вакви случаи најмногу имало од операторот ВИП. Ја објавуваме информацијата од АЕК во целост Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Шилегов: Раката да ми се исуши ако потпишам за барокна фасада за „Пелагонија“

Раката да ми се исуши ако го потпишам договорот за фасадата на „Пелагонија“ од 1,3 милиони евра. Парите за оваа намена што ги планирало минатото раководство од 6 милиони евра ќе ги пренамениме за фасади во средните училишта, рече денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната седница на Советот. Тој додаде дека Градот има […]

______________________________________________________________________________________________________

БПЦ ќе побара мислење од сестринските цркви за барањето на МПЦ

Светиот синод на Бугарската православна црква ќе се консултира со останатите 14 православни цркви, меѓу кои и руската, српската и грчката, пред да донесе одлука за признавање на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Од секретаријатот на БПЦ за бугарски „Дневник“ изјавиле дека предлогот најверојатно ќе биде разгледан на седницата закажана за 27 ноември, но […]

______________________________________________________________________________________________________

Хан: Законот за јазици е разумно барање, но Власта да oдреди што е најважно, законот за јазици не e приоритет

Очекувам дека мојата земја и пред 2025 година да стане дел од Европската унија но тоа зависи од интензитетот на нашата работа. Со 19 странски компании сме во преговори со дел од нив потпишуваме договори најголем дел од нив се од земји од ЕУ, изјави денеска премиерот Зоран Заев на средба со еврокомесарот за проширување […]

______________________________________________________________________________________________________

Три деца од две скопски училишта заразени со жолтица

Три деца од две училишта во скопската населба Ѓорче Петров се разболеле од заразната жолтица А, објавува Факултети.мк.Епидемиолозите од скопскиот Центар за јавно здравје, велат дека случаите се неповрзани, односно децата не се разболеле едно од друго. За да не се шири хепатитисот во училиштата се преземаат вонредни хигиенски мерки, а направена е и дезинфекција. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1