Archive | Македонија RSS feed for this section

Заев: Ќе се обидеме брзо да составиме влада – Да ги оставиме разликите, ова е нов почеток за Македонија

Мандатарот за составување на новата влада Зоран Заев денеска по добивањето на мандатот од страна на претседателот Ѓорге Иванов изјави дека во најкраток можен рок ќе се обиде да го состави владиниот кабинет. Тој во изјава за медиумите се обврза дека новата влада ќе биде проевропска и ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани со […]

______________________________________________________________________________________________________

Могерини и Хан го поздравија доделувањето мандат на Заев, очекуваат брзо влада

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан во заедничка изјава ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му додели мандат на лидерот на СДСМ Зоран Заев за формирање влада. Според оваа висока европска двојка, официјален Брисел очекува брзо формирање на влада […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов му врачи на Заев мандат за формирање Влада – Гаранциите обезбедени

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска му го врачи мандатот за состав на Влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Мандатот за формирање Влада е доделен откако се остратенети пречките односно се обезбедени гаранциите што ги бараше шефот на државата за зачувување на унитарноста на државата и почитување на Уставот. – Пречките за состав […]

______________________________________________________________________________________________________

Истекува мандатот на градоначалниците – ќе има решение или колапс на општините?

Мандатот на градоначалниците и на советниците во општините истекува денеска, а локални избори сè уште не се распишани. за денеска закажа состанок на претставниците на пратеничките групи кои треба да се договорат за законски измени за евентуално продолжување на нивниот мандат и за распишување на локалните избори.  Доколку на координацијата политичките претставници се согласат за […]

______________________________________________________________________________________________________

Села ќе оди на лекување во странство

Арбен Таравари, секретар на Алијанса за Албанците, на својот профил на Фејсбук напиша дека партискиот лидер Зијадин Села се очекува да отпатува надвор од Македонија на дополнителни анализи и најверојатно ќе остане таму одреден период се до негово конечно опоравување. Тој информира дека состојбата на пратеникот Села е стабилна, но сепак потребни се уште некои […]

______________________________________________________________________________________________________

Нови цени – поевтинуваат бензините и дизелот во Македонија

Бензините поевтинуваат за три, додека дизел горивото доби цена пониска за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Во следните две недели, еден литар Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 63 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 65 денари за литар. Новите цени на дизелот и екстра лесното […]

______________________________________________________________________________________________________

Врховен суд: Пониските судови ја повредиле законитоста во одлуките за Кочан

Врховниот суд ги укина решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 и на Кривичниот совет Апелацискиот суд Скопје, со кои му беше одреден притвор на Сеад Кочан, осомничен од Специјалното јавно обвинителство во предметот „Труст“.  – По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за […]

______________________________________________________________________________________________________

На координацијата во Собранието предложено локалните избори да бидат во октомври

Парламентарните партии кои денеска беа на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери се договориле дека исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнување договор за донесување Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов земјотрес во Македонија

По потресот кој се случи завчера во 04 часот и 08 минути, и кој ги изпаничи скопјани со јачина од 4,2 степени по Рихтер, и по мирниот ден вчера, денеска е регистриран нов потрес во Македонија. Потресот се случил пред неколку часа со магнитуда од 2,2 степени според Рихтер. Потресот бил на длабочина од 15 […]

______________________________________________________________________________________________________

Пет кривични пријави против поранешни градоначалници

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција доставила пет кривични пријави против поранешни градоначалници. – Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од страна на Управата за финансиска полиција прими пет кривични пријави против поранешни градочалници на општините Струга, Свети Николе, Дебар, Студеничани и […]

______________________________________________________________________________________________________

Поранешен министер, директори во НЛБ, нотар и адвокат осомничени за „перење пари“

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформило предмет против поранешен и актуелен директор на НЛБ Тутунска Банка, поранешен министер, адвокат, нотар и други лица, како и едно лице државјанин на Република Словенија за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 и „перење пари“ од член 273 […]

______________________________________________________________________________________________________

ИЗИИС: Земјотресот утрово е афтершок од земјотресот во септември 2016

Земјотресот со интензитет од 4,2 степени кој рано утрово ги вознемири жителите на скопскиот регион е последица на ланскиот земјотрес од 11 септември кој беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтер, вели Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) -Со оглед на тоа што утринава имавме потрес со магнитуда […]

______________________________________________________________________________________________________

Укинат притворот на Сеад Кочан

Укинат е притворот за сопственикот на „Трансмет“ бизнисменот Сеад Кочан, дознава Алсат М од сигурни извори. Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден со што се поништува домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан, уште пред речиси 2 месеци. Само пред неколку дена Кривичниот суд по […]

______________________________________________________________________________________________________

СДСМ: МВР брзо да го расветли случајот за бомбата во домот на родителите на Милошоски

СДСМ денеска во соопштение го осуди инцидентот за кој на фејсбук информира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски за поставена бомба во куќа на неговите родители во село Ижиште во Македонски Брод и побара Министерството за внатрешни работи брз да го расветли случајот. – Најостро го осудуваме инцидентот што се случил во домот на родителите на […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицијата отвори истрага: Еве што се случило во дворот на таткото на Милошоски

Вчера околу 18,00 часот во атар на с.Ижиште- Македонски Брод, М.М. (66) од Кичево додека косел во дворот од сопствената куќа, оштетил метален предмет кој претходно не го забележал. Од ударот предметот почнал да дими формирајќи бел чад, од што истиот почувствувал солзење во пределот на очите, носот и болка во градите. По случката, М.М. […]

______________________________________________________________________________________________________

Милошоски: Кукавички поставена бомба во куќата на мојот татко, со цел да ги убие или рани моите родители

После избориве, криминално-политичкото подземје кое се инспирира од “бомбите на мадатарот за Живот”, почна да поставува вистински бомби со закани по живот кон неистомислениците!, напиша на својот ФБ профил пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. • Вчера вечер во с. Ижиште, околу 22 часот, екипи на МВР крим техника од М.Брод, Прилеп и анти-тероризам од Скопје […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е јачината на земјотресот кој ги разбуди скопјани

Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени ги вознемири жителите на Скопје и околината утрово во 4.08 часот. Според Европската сеизмолошка опсерваторија, макросеизмичкиот интензитет бил од V степен, што значи дека тресело силно и подолго. Епицентарот на земјотресот е на 15 километри источно од Скопје, во близина на Арачиново и Марино, на длабочина од 10 километри.

______________________________________________________________________________________________________

Силен земјотрес го стресе Скопје

Нов силен земјотрес беше почувствуван во Скопје и околината, неколку минути после 4 часот земјотрес од 3,9 степени по Рихтер го стресе Скопје. Потресот бил пред 4 минути на 15 километри од Скопје. Ова е прв посилен земјотрес по долг период по низата потреси од минатата година.Според првичните информации од ЕМСЦ, земјотресот се случи во […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1