11/09/2016 20:06
•
Posted by: MK News
Во случај на нов потрес се препорачува граѓаните да останат дома, а потоа, без паника да излезат и да го напуштат домот, бидејќи најголем број од повредените денеска биле при евакуација. Ова се препораките од Управувачкиот комитет за кризи. До сега има повеќе од 50 повредени. Граѓаните да останат дома, тие што немаат штети, а […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 20:03
•
Posted by: MK News
По првиот земјотрес којшто денеска /11.09.2016 година, недела/ го погоди Скопје во 6:58 часот наутро, веднаш се активираше Градскиот штаб за заштита и спасување. Веднаш се мобилизираат екипите на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и екипите на сите градски јавни претпријатија. Притоа, реализирани се поголем број на интервенции. Градскиот штаб за заштита […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 20:01
•
Posted by: MK News
Управувачкиот Комитет за справување со кризи веднаш одржа состанок по земјотресот во 15 часот и 10 минути, кој што беше најсилен. До завршување на состанокот, односно до 18 часот и 20 минути до отворениот телефон на Центарот за управување со кризи има некаде 80-тина јавувања, каде што досега граѓаните известуваат за околу 30-тина штети кои […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 19:57
•
Posted by: MK News
Екипата на ТВ Нова веднаш по големиот земјотрес од 5,3 степени според Рихтер разговараше со сеизмолозите од Природноматематичкиот факултет. Има комплетна информација и детали за земјотресот.
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 19:55
•
Posted by: MK News
Најмногу штета од земјотресот има во скопски Сингелиќ. Исплашени жителите не сакаат да се вратат во домовите. Велат ноќта ќе ја минат под отворено небо. Во Стајковци, пак, нема поголеми штети, а луѓето иако видно потресени, сепак се подготвуваат да се вратат во своите домови. TvNova.mk
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 18:16
•
Posted by: MK News
Откажана е скопската премиера за вечерва на филмот „Ослободувањето на Скопје“ бидејќи поради попладневниот земјотрес се оштетил и паднал дел од плафонот во Киното Милениум, соопштуваат од продукцијата на филмот. Скопската проекција беше закажана за 20 часот вечерва, а гостин требаше да биде Раде Шербеџија. Филмот вчера за прв пат се прикажа во Битола во […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 18:13
•
Posted by: MK News
Околу 50 граѓани на Скопје се повредени после земјотресите во Скопје. Според информациите на zdravstvo24.mk најмногу, над 30 пациенти со скршеници на рацете и нозете, расекотини попладнево примени се во Клиниката за хируршки болести св.Наум Охридски. Десетина пациенти се третирани во ГОБ 8 септември. Лекари од болницата информираат дека сеуште се прават неопходни снимања на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 18:04
•
Posted by: MK News
Скопјани во паника по вториот силен земјотрес денеска. Земјотресот регистриран во 15:10 на 5 километри од Скопје со сила од 5,4 степени по Рихтер. Неколку автомобили пактирани пред зградите се оштетени. Во населбата Железара падна оџак врз автомобил. Голем број граѓани сѐ уште се надвор во страв од нов земјотрес. Евакуирани се трговските центри – […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 18:02
•
Posted by: MK News
Директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија Михаил Гаревски, денешните тресења ги спореди со земјотресот кој се случил во Валандовскиот крај во 1904 година, а кој се смета за најсилен на Балканот. Тогаш имало првичен релативно силен удар, по што следел и главниот удар кој бил со јачина од 7,8 степени по Рихтерова […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 18:00
•
Posted by: MK News
Од службите на Итната помош за Канал 5 велат дека по земјотресот примаат бројни јавувања од граѓаните, а сите екипите со кои располагаат се излезени на терен.
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 17:59
•
Posted by: MK News
По утринските потреси кои ги вознемирија македонските граѓани од сеизмолошката обсерваторија за ТВ Нова велат дека нема простор за паника. – Земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, случен на длабочина од околу пет километри со Рихтерова локална магнитуда од 3,9 степени, почуствуван е во Скопје и околината со интензитет од 6 до 7 степени според […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 17:58
•
Posted by: MK News
Дирекцијата за заштита и спасување на својата веб страна има објавено прирачник или упатство за постапување на граѓаните при случаи на земјотрес. Поради недостаток на корисни информации, Дирекцијата за заштита и спасување на својата официјална веб страница, објавила PDF прирачник за правилно однесување за време на земјотрес, со цел да се избегнат несакани последици или […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 17:53
•
Posted by: MK News
Почувствуван е и трет земјотрес во Скопје и околината. Во 16:47 часот по локално време, повторно земјотрес, кој беше значително послаб од претходниот ги вознемири граѓаните. Откако утрово во 7 часот и 15:10 со јачина од 3,9 односно 5,2 степени по Рихтеровата скала скопскиот регион беше погоден од серија земјотреси. Сега јачината се уште не […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 17:52
•
Posted by: MK News
Не можеме да знаеме каков би бил следниот удар. Повеќе од сигурно е дека ќе има афтершокови. Да се надеваме дека ова беше главниот удар, вели Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија. Гаревски вели дека е необично што има голема разлика во магнитудата меѓу утринскиот земјотрес кој го погоди Скопје, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 17:51
•
Posted by: MK News
– Нов земјотрес е регистриран попладнево во Скопје во 15:10 часот чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје. Според Европскиот Медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје. Зенјотресот е почувствуван и во Србија и Косово. Новите потреси следат откако утринава […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 16:58
•
Posted by: MK News
Поради силниот земјотрес кој што се случи попладнево пред неколу минути, беше евакуиран трговскиот центар Капитол Мол. Според информациите објавени на дел од порталите, големиот потрес придонел за мала материјална штета низ продавниците.
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 16:58
•
Posted by: MK News
Серијата силни земјотреси што во недела го погодија скопскиот регион, ги натера скопјани панично да ги напуштат своите домови и привремено да се засолнат во блиските паркови. По првиот утрински земјотрес, што се случи нешто пред седум часот, граѓаните истрчаа веднаш во дворовите и парковите, но подоцна се вратија дома бидејќи во некои делови на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 16:56
•
Posted by: MK News
Делови од Центар останаа без струја по земјотресот во 15.10 часот. Од ЕВН информираат дека прекинот на електрична енергија се случил бидејќи се вклучил системот за автоматска заштита и дека ги вклучуваат оние трансформатори што им се на далечинско управување. Телефонските линии на двата мобилни оператори се оптоварени. По земјотресот престанаа да работат и семафорите […]
______________________________________________________________________________________________________