11/09/2016 16:56
•
Posted by: MK News
Во населбата Железара од земјотресот паднал оџак од зграда и оштетил возило. Реортерот на Плусинфо јавува дека и другите оџаци на зградата се искривени. Оштетени фасади на згради има и во другите делови од Скопје. Граѓаните се вознемирени и очекуваат што ќе им препорачаат од Диркецијата за управување со кризи која заседава од 16 часот.
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 13:56
•
Posted by: MK News
Денес се одбележува празник посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост. Денот на погубувањето на Св. […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 11:07
•
Posted by: MK News
– Серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Скопското епицентрално подрачје утринава се регистрирани од Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет соопшти дека два од земјотресите се почувствувани во Скопје и околината. Првиот се случил во 06 часот и 58 минути со јачина од 3,9 степени по Рихтер, а вториот […]
______________________________________________________________________________________________________
11/09/2016 11:05
•
Posted by: MK News
Силен земјотрес утрово во 6.57 часот го стресе главниот град. Според информациите на Европскиот сеизмолошки центар, земјотресот бил со јачина од 4.4 степени според европската скала, на длабочина од 2 киометри. Епицентарот на земјотресот бил на 3 километри југоисточно од Скопје.Силниот потрес предизвика паника и буквално ги крена од кревет скопјани и ги извади надвор […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2016 20:32
•
Posted by: MK News
Поранешен наркозависник, кој успеал да се излекува од порокот кој му го уништил животот, спасот го нашол во Бигорскиот манастир. Неговото сведоштво го објавува порталот „Религија.мк“, од каде што интегрално ги пренесуваме неговите зборови, каде што раскажува за сите предизвици, трауми и искушенија со кои се соочил во текот на животот. Имам 30 години и живеам во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2016 20:26
•
Posted by: MK News
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне на места нестабилно, со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. УВ-индексот ќе изнесува 5. Температурата ќе се движи од 19 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне на места нестабилно, со локален […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2016 20:06
•
Posted by: MK News
Министерството за образование и наука ги објави резултатите од примени бруцоши во студентските домови во Република Македонија. Листа на студенти примени во ДСД „Пелагонија”, за академската 2016/2017 година Листа на студенти примени во ДСД „Гоце Делчев”, за академската 2016/2017 година Листа на студенти примени во ДСД „Кузман Јосифовски Питу”, за академската 2016/2017 година Листа на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/09/2016 14:45
•
Posted by: MK News
Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови во следната 2017 година: За сите граѓани на РМ 1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар 1 […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2016 22:37
•
Posted by: MK News
Времето утре во Македонија малку до умерено облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ-индексот ќе изнесува . Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени. Во Скопје умерено облачно, попладне на места нестабилно со локален пороен […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2016 13:28
•
Posted by: MK News
Британскиот весник „Телеграф“ објави репортажа по повод Денот на независноста на Република Македонија. Во текстот насловен „25 значајни работи што не сте ги знаеле за Македонија“ објавен на веб страницата на „Телеграф“ се наведуваат 25 факти кои се помалку познати за пошироката британска и европска јавност. 1. Таа е „Република Македонија“ за тебе Постојат контроверзи […]
______________________________________________________________________________________________________
09/09/2016 13:25
•
Posted by: MK News
На само 5 километри пред грчко-македонскиот граничен премин, на автопатот Солун – Гевгелија, вчера се случи тешка сообраќајна несреќа во која загина едно лице, македонски државјанин. Во сообраќајката загина возачот (29) на возилото „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, кој најверојатно ја изгубил контролата над возилото и удрил во дрворедот покрај автопатот. Според сведоци на […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2016 20:25
•
Posted by: MK News
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, во западните делови со повремен дожд, а во источните со сончеви периоди. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а дневната од 21 до 27 […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2016 20:23
•
Posted by: MK News
Пожар изби во кулата на улицата „Разловечко востание“ во скопската населба Карпош 4 околу 17.45 часот , објави ТВ Сител.Станарите брзо го забележале пожарот и чадот што се ширел од подрумските постории на висококатницата и веднаш ја алармирале противпожарната служба. Неколку противпожарни служби и пожарникари веднаш пристигнале на местото и започнале со гаснење на пожарот, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2016 20:21
•
Posted by: MK News
Тешки механички повреди и обилни крварења се причините за смртта на патниците во италијанскиот “Пајпер Сенека 2” кој се урна над скопско Кожле. Неофицијалните информации говорат дека до вечерва се очекува да заврши обдукцијата на шестмината кои настрадаа во авионската несреќа пред два дена. Според првичните сознанија 4 тимови од судска медицина работат на обдукцијата […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2016 16:47
•
Posted by: MK News
Слаѓана и нејзиниот избраник Фарук ја направија свадбата која долго ќе се помни и прераскажува како една од најубавите било кога направени. Катар е земјата каде работата и љубовта ги спои овие две души. Слаѓана работи со медицинска опрема, а Фарук е доктор. Таа е Mакедонка, а тој е од Египет, објави порталот Во Бело. […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2016 16:43
•
Posted by: MK News
Кралицата на Обединетото Кралство Елизабета по повод Денот на независноста на Република Македонија упати честитка до претседателот на државата Ѓорге Иванов. – Ми причинува големо задоволство да Ви испратам најтопли честитки за прославата на вашиот Ден на независноста, заедно со моите најдобри желби за среќа и напредок на народот на Македонија во годината што престои, […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2016 16:42
•
Posted by: MK News
Македонскиот народ успеа да создаде три држави за еден век, вели Ѓорѓи Наумов, министер за правда во првата влада кој гостуваше во „Отвореното студио“ на ТВ Нова. -Ретко можете да најдете држави како нашата Македонија, во еден век краток, нема ни 100 години, од 1903 го 1991, значи за 90 години, успеа народот делумно да […]
______________________________________________________________________________________________________
08/09/2016 14:59
•
Posted by: MK News
Милан Талевски бил претседател на Собранието на Град Скопје во референдумската 1991 година или човекот со црна коса, очила и мустаќи од фотографиите кој наздравува на бината на градскиот плоштад. Еден од најзаслужните за спонтаната организација на прославата на плоштадот, човекот кој го донесе виното и чашите од кои дел од тогашна политичка елита наздрави […]
______________________________________________________________________________________________________