04/11/2014 13:09
•
Posted by: MK News
Фондот за здравствено осигурување на Македонија ја алармира јавноста за зголеменото користење на диазепам и апаурин, потоа бромазепамот познат како лексилиум и алпразоламот односно хелекс и золпидемот попознат како санвал. Учеството на овие лекови во вкупниот број на реализирани рецепти се движи од 8,18% во 2010 до 8,98% во 2013. Со овие бројки анксиолитиците како група на лекови се на второ место, а генеричкиот лек диазепам е […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2014 12:44
•
Posted by: MK News
На четириесетина минути оддалеченост од Скопје, на височините на планината Скопска Црна Гора, се наоѓа манастирот “Света Богородица”. Во дворот на манастирот ќе го видите дрвото кое наликува на трудна жена, а за кое приказната вели дека им помогнало да забременат на многу жени кои биле неплодни. Можеби во ерата на модерна технологија за многумина […]
______________________________________________________________________________________________________
04/11/2014 12:41
•
Posted by: MK News
Поминаа речиси два месеци по исчезнувањето на младата прилепчанка Дениса Маркоска од бродот на кој пловела, а случајот сеуште привлекува многу внимание. По ДНК тестот направен во Грција и барањето на нејзините најблиски за нов тест во Македонија се јави Обвинителството на Македонија. Обвинителството стави крај на дилемата за отворање постапка во случајот со Дениса […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 15:45
•
Posted by: MK News
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено известување преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за исхрана на животни (РАССФ) на Европската унија дека се увезени небезбедни лимони од Република Турција. Од Агенцијата соопштуваат дека нивните инспекциски служби вршат континуирани контроли на пратките со цитрусно овошје кои се увезуваат во Република Македонија, вклучително […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 15:39
•
Posted by: MK News
Познатиот македонски виолинист Зоран Џорлев е третиот лик кој што се појавува под мистериозноста на фразата: Може и поинаку! Овојпат во улогата на уличен свирач, Џорлев ги собра и симпатиите и бакшишот… Вистина.мк
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 12:30
•
Posted by: MK News
Велешкото семејство Давчевски од населбата Ќерамидна остана без покрив над главата откако во саботата пожар до темел ја пеплоса неговата куќа. Огнот пламнал во саботата претпладне околу 9 часот, кога децата уште биле во кревет и спиеле. Помагале соседите и го гаснеле огнот додека не дошле пожарникарите, и покрај тоа што струјата не била исклучена, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 12:15
•
Posted by: MK News
Во Европската Унија повеќе од 2,3 милиона граѓани од земји што не се во Унијата добиле дозволи за престој, а од нив речиси 200.000 биле издадени во Германија. Според податоците на Евростат, со оваа бројка Германија се најде зад Велика Британија и Полска, кои издале 724.000, односно 273.000 дозволи за престој на новодојденци, пренесува Дневник. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Познат менаџер и популарен ракометар вчера се најдоа во тешка ситуација, кога девојката на менаџерот влегла во станот и ги фатила жива двајцата другари како се забавуваат во кревет со две сестри од Ниш ангажирани како танчерки кај нас. Љубоморната девојка во афект пробала да му ги отсече гениталиите, во што едвај успеал да ја […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Еден Македонец објавил интересен оглас и себеси се нарекува ни помалку ни повеќе туку „Волшебник“. Foto – Kurir
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Оглас од македонските весници стана хит на социјалните мрежи. Некој сака да вработи 200 илјади невработени од различни сектори во земјава. Дали се работи за печатна грешка или шега, проценете сами.
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 09:50
•
Posted by: MK News
Бугарската домашна ракија е отровна, полна со цијанидна киселина, тешки метали и алдехиди, пишуваат бугарските медиуми. Освен овие состојки, во неа има и метилалкохол, кој при консумирање ги труе сите што ја пијат. Oва е втор удар за бугарското лозарство откако бугарската влада дозволи во нивното вино годинава да се додава вештачки шеќер. Македонските експерти […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Тој нечовек уби двајца, а жената ја остави инвалид. Од затвор ќе искочи за година дена и ќе продолжи таму каде што застана. И се тоа поради таа срамна одлука на македонското обвинителство. Тоа е срам за нивната држава, вели за српски Курир го изјави Алекандар Маринковиќ, брат на Никола Маринковиќ (24) и чичко на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Согласно Законот за лековите и медицинските помагала и Mетодологијата за начинот на формирање на цените на лековите, намалени се максималните цени на вкупно 589 генерички и оригинатори (иновативни) лекови. Ова е шесто по ред намалување на цените на лековите, кое стапи на сила од 1 ноември. -Намалувањето на цените на лековите е една системска […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Работник во приватна фирма е тешко повреден. Несреќата се случила во скопско Драчево. Работникот е во критична состојба пренесен на КАРИЛ на Клинички. Како што пренесе Сител, 51-годишниот маж ги извршувал работните обврски, додега ископувал земја, со бушалица си ја фатил ногата. Потоа се одвивала вистинска спасувачка драма. Пристигнало едно возило на Итна медицинска помош, кое […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Семејствата на двајца тетовци оваа зима ќе останат без најбараната зимница – ајварот, пишува „Утрински весник“. Нивните подруми биле провалени од непознати арамии и им ги однеле сите 20 тегли од двата подрума. Кражбата била во централното градско подрачје на Тетово, на булеварот „Маршал Тито“ во станбена повеќекатница. Провалени се неколку визби од кои биле […]
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Скопјанецот тврдел дека тие му рекле „Ние сме полицајци од Илирида“, по што му побарале лична карта, а потоа се упатиле кон село Арачиново. По долгиот разговор со пријавителот, откриено е дека тој лажел, па од МВР велат дека ќе биде казнет.
______________________________________________________________________________________________________
03/11/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по котлините и речните долини ќе има магла и ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 10 до 16 степени. Во Скопје слично време со температура до 13 степени. За следните денови Управата за хидрометеролошки работи […]
______________________________________________________________________________________________________
02/11/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Бугарија е погодна мета на која дел од Македонците ја истураат омразата бидејќи не можат тоа да го изразат врз Aлбанците. Вака дел од бугарските аналитичари гледаат на актуелните внатрешни и надворешни политички случувања поврзани со Македонија, анализира 24 Вести Во прилог кој завчера го емитуваше бугарската национална телевизија БТВ – Mакедонци се обвинуваат дека […]
______________________________________________________________________________________________________