28/10/2014 09:45
•
Posted by: MK News
6.000 денари глоба ако не го стави заштитниот појас, не се вклучат светлата и за зборување на мобилен. Ова се глобите за прекршоци кои возачите ги демнат во самиот старт. Понатаму секој одминат километар претставува можност за уште некој сообраќаен прекршок ако ве улови полицијата. На пример, за непрописно паркирање глобата е 45 евра. 250 […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Веста дека неговата 37-годишна сестра, инаку сопруга на популарниот пејач Панки, во засега неутврдени околности го загубила животот раперот денис Екс ја дознал во странство. Тој извезно време престојува во европски држави , пишува Либертас. Трагедијата со неговата сестрa го потресла и веднаш се упатил кон Скопје. Раперот Денис Екс беше популарен пред 6 години, а […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Со студ и без парно, студентите во студентските домови ги дочекаа првите ниски температури годинава. Иако грејната сезона официјално почна од 15-ти октомври, во повеќето студентски домови воопшто нема парно, пренесува Радио МОФ Студентските домови без парно на ниски температури Радио МОФ разговараше со студенти сместени во скопските домови. Марија е студентка од „Гоце Делчев“. […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2014 09:15
•
Posted by: MK News
За девет месеци ќе започне електронската наплата на билетите и автоматското следење на движењето на автобусите, најавија Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), пишува Вечер. Системот ќе го имплементира Т-Мобиле Македонија, а инвестицијата изнесува три милиони евра. Раководството на ЈСП и градските власти очекуваат со примената на системот да се подобри квалитетот на превозот, […]
______________________________________________________________________________________________________
28/10/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Вчерашните снежни врнежи на планината Кожуф ги донесоа старите маки, одроните на патиштата и непроодност за возилата, пишува Гевгелија нет. Карпестите одрони се толку големи што ни неколкумината планинари од Планинарското друштво „Кожуф“ не успеале да ги отстранат од патот. Со тоа делницата од Смрдлива Вода кон Кожуф остана непроодна за возилата со кои планинарите […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 21:08
•
Posted by: MK News
Вчера се појави снимка од вознемирана мечка на патот Охрид – Кичево, објавено од еден oхридски портал. Охриѓани.мк денес објави уште една снимка на која се гледа истата вознемирена мечка, но сега во друштво на две мали мечиња. Дали станува збор за истата мечка неможе да се потврди, но ова се случило само неколку километри […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 14:30
•
Posted by: MK News
Најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и на Универзитетот на југоисточна Европа, организирани неодамна, беше Даријан Шекеров, пишува Република. Најмладиот учесник на презентациитe од областа на информатиката пред студентите на ФИНКИ и на Универзитетот на југоисточна Европа, организирани неодамна, беше Даријан Шекеров, пишува Република. Даријан е и најмладиот учесник […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 14:19
•
Posted by: MK News
Докторката Евица Бојаџиева од Штип има само 34 години, а веќе две години е во костец со ракот на жолчните канали – една од најретките болести на светот. Болеста е ретка и тешка, се јавува кај едно лице во сто илјади. Во интервју за Дневник таа вели дека заради своите две деца има неверојатна желба […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Видеото кое е поставено на YouTube според описот го снимиле нашинци во Америка. Таткото го заспива бебето со навивачките песни на Комити. Најинтересното следи кога ќе му ги спомне Шкендија или Пелистер…
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Kога аерозагадувањето со ситни честички ќе стане неподносливо, граѓаните бесплатно ќе се возат во јавниот автобуски превоз. Ова го предвидува Град Скопје како мерка од втор степен за заштита на здравјето на граѓаните од високото загадување. Мерките од втор степен се преземаат кога десет дена по ред среднодневната вредност на ситен прав (ПМ10) во воздухот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Агенцијата за лекови на Република Македонија распиша оглас за вработување 15 лица со и без работно искуство, кој ќе трае 30 дена, почнувајќи од денес. Како што информирше директорката на Агенцијата за лекови Марија Дарковска – Серафимовска во огласот се бараат три раководители на одделение, односно по едно со завршен Економски и Правен факултет и со […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Податоците за 50-те најзначајни огласувачи на шесте телевизиски станици што емитуваат програма на државно ниво (Македонската телевизија, Сител, Телма, Канал 5, Алсат-М и Алфа) ги обезбеди агенцијата Аналитика ДОО од Скопје, а ги пренесува порталот Маркетинг365. Во 2013 година на овие шест телевизиски станици биле емитувани вкупно 348,452 рекламни спотови, со вкупна должина од 9,769,598 секунди. Бруто […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Полицијата интензивно ќе контролира дали поседувате зимска опрема оваа година. Оние кои имаат зимски гуми и кои низ градските средини нема да носат ланци во автомобилите ќе подлежат на строга контрола на полицијата, јавува Канал 5. Сите чии гуми ќе бидат истрошени, а шарите ќе им бидат поплитки од 4 милиметри ќе бидат казнети. Зоран Ѓуроски […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Здравата храна и на менито кај дел од функционерите на власт. Од овошје и зеленчук до добро подготвено месо. Пратеникот Александар Николовски сендвич последен пат јадел во средно. Мрсно јадење не сака директорката на Клиниката за детски болести а такво не се наоѓа и на трпезата кај пратеничката Светлана Јакимовска. Здрави производи јаде и првиот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Гробот на Крали Марко наскоро ќе биде откриен, но сепак не во Прилеп каде се Марковите кули, туку на друго место во Македонија. Воедно под една штала во селото Големо Коњари се наоѓа гробницата на францускиот крал Франко Трети од Дебол, денешен Демур. Овие работи ги тврди Викторија Петреска (29) од прилепското село Долнени. Откако […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Света Параскева, во народот позната како света Петка. Неа и е посветена црквата во долниот дел на скопската населба Црниче. Била од словенско потекло, од градот Епиват, меѓу Салинаврија и Цариград. Родителите и биле имотни и побожни христијани. Таа живела со нив до нивната смрт, а потоа заминала за Цариград, а оттаму во Јорданската пустина, […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Премиерот Никола Груевски потврди дека со неговиот коалициски партнер, лидерот на ДУИ Али Ахмети разговарале за вклучување на ФБИ во случајот „Монструм“, во кој шестмина се осудени на казна доживотен затвор за петкратното убиство кај Смилковско Езеро. Но, според Груевски одлуката за евентуалното ангажирање на американското федерално биро за истраги е во рацете на Апелациониот […]
______________________________________________________________________________________________________
27/10/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Претседателот на Собранието, Трајко Вељановски, на своите гости кои ќе дојдат во официјална посета на македонскиот парламент ќе им подарува накит и приврзоци изработени од македонски рубин, рачно изработени експонати, односно златни маски и крстови, како и подароци со логото на Собранието, пренесува Фокус. Овие подароци се дел од јавната набавка која Собранието ја извршило […]
______________________________________________________________________________________________________