Archive | Македонија RSS feed for this section

Нов опасен вирус во Македонија – бебе и дете во тешка состојба на Клиниките во Скопје

18 месечно бебе и три годишно дете со западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, дознава zdravstvo24.mk. Информацијата  ја потврдија од Клиниката од каде изјавија дека децата 5 дена се на Детска и биле примени во тешка здравствена состојба. Но, по неколку дена има подобрување иако се уште се под строг здравствен надзор. […]

______________________________________________________________________________________________________

За да гледате Мис на Македонија треба да платите 100 евра

Убавината и хуманоста годинава ќе се спојат во едно кога е во прашање изборот на најубавата Македонка, која ќе не претставува на Мис Свет, манифестација што годинава е под мотото “Убавина со цел”. Оваа манифестација која на 7 ноември ќе се одржи 14. пат по ред е конципирана како хуманитарен бал за кој сите кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Овчар сум и тоа не го кријам од девојките на интернет

Овчар сум и не се срамам поради тоа, мора да работам. Немам завршено големо школо, само основно, па што друго би бил ако не овчар. Татко ми ми велеше учи, синко, ќе ти треба школо, но јас велев што ќе ми е школо, раскажува 22-годишниот Саметин Идризов, на бачилото на висорамнината Витачево кај Kавадарци. Но, […]

______________________________________________________________________________________________________

Се повредил при работа на црно и никој не го есапи – правдата ќе ја бара во Стразбур

Цветан Стојановиќ од кумановско Четирце пред 8 години се повредил работејќи градежни работи на црно. Откако сите судски одлуки во Македонија завршиле против него, најавува дека ќе се жали пред Меѓународниот суд на правдата во Стразбур, пишува Радио Слободна Европа. „Работев во Скопје, во Драчево, градежни работи навечер, на кровна конструкција на приватна куќа. Газдата […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Перење мозок на 8 одделенците во Македонија

Ако не знаете што значи да бидете лојален граѓанин можете да прашате 8 одделенец или да прочитате во учебникот за граѓанско образование за 8 одделение Целиот учебник можете да го најдете ТУКА ZaSe.mk

______________________________________________________________________________________________________

Некои ги користат за инциденти, кај нас снимаат свадби со нив

ЕУ размислува за построга контрола на цивилните беспилотни летала. Во Македонија, пак, засега не се ограничува употребата на дроновите, како оној што го предизвика инцидентот на мечот меѓу Србија и Албанија. Тие кај нас сѐ почесто се користат за снимање семејни веселби и се изнајмуваат за 100-200 евра на час Македонија засега нема правна рамка […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако дадете скапо виски на службеник мора да му го даде на шефот – а тој ќе го продава

Лекарите, медицинските сестри, шалтерските работници во државните служби, општинарите, наставниците, полицајците, даночните инспектори, цариниците… сите вработени во јавната служба, кои ќе добијат подарок од граѓанин чија цена е поголема од 1.000 денари (односно 3.000 денари за повеќе дарови дадени од едно лице во текот на една година), ќе мора во рок од два дена да […]

______________________________________________________________________________________________________

Од денес студ, дожд и снег

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала облачност, а попладне со зголемена облачност која во северните и во западните делови во вечерните часови ќе биде проследена со врнежи од дожд кои на планините, а понекаде и на повисоките места во западните делови од снег Преку денот ќе дува повремено засилен јужен ветер, а […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Двајца другари од Скопје со 60 денари „лапнаа“ 20 илјади евра на „спортска“

Двајца другари од скопска Кисела Вода ја кренаа во „воздух“ обложувалницата Златна Копачка во Црниче. Пред четири дена, во петокот вечерта, на 17 октомври, едниот од нив уплатил тикет од 30 денари со 16 натпревари кои требало да се играат наредниот ден, во сабота. Неговиот другар го прашал кои натпревари ги има одиграно, а овој […]

______________________________________________________________________________________________________

Случај Дениса: Зошто се молчи? Ако брзо не се објави резултатот ќе реагира и министерот за надворешни

Се уште се чека финалето на случајот со исчезнатата Дениса. Сите најави и рокови оддамна  помина, а резултатот со ДНК  анализата, кој треба да покаже дали телото пронајдено кај Карпатос е на Дениса, се уште не е пристигнат во Македонија. АЛФА од свои извори дознава дека земјава веќе неколкупати реагирала до грчката страна и Интерпол […]

______________________________________________________________________________________________________

Деца и возрасни во Штип се затруле со еклери загадени со салмонела

Три деца на возраст од шест до 11 години и десетина повозрасни штипјани се хоспитализирани во Клиничка болница во Штип со симптоми на салмонела, известија здравствените власти.  Се претпоставува дека изворот е локална слаткарница. Во тек е истрагата на здравствените власти за утврдување на причинителот на заразата.

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Јас ви ја удрив колата – јавете ми се

На групата Ѕидот на сообраќајниот срам која е вистински извор на оригиналните македонски сообраќајни ситуации, една девојка, член на групата ја сподели оваа фотографија на која може да се види како се однесува културен возач. И ја удрил колата на паркинг , па и оставил порака со телефонски број за да му се јави и да […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонците останаа без бугарски пасоши

Советот за државјанство на Бугарија ги отфрлил првите 200 незаконски поткрепени барања за бугарско државјанство, откако беа откриени големи пропусти во работата на Државната агенција за Бугарите во странство, во врска со издавањето потврди за бугарско потекло без соодветни докази и документи. Одбиените барања биле со незаконски потврди за бугарско потекло и роднински врски со […]

______________________________________________________________________________________________________

Земјотрес во Охрид и Струга

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е почувствуван денеска во 12:32 часот во Охрид, Струга и околината. Земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија при Природно математичкиот факултет, потекнува од охридското епицентрално подрачје, а неговиот епицентар се наоѓа на 100 километри југозападно од Скопје. Иинтензитетот на земјотресот, според  Европската макро-сеизмичка скал 1998 е четири степени. […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО еве како се апсеа бизнисмените: Приведени 9 лица во акцијата „Арсенал“

Министерството за внатрешни работи поднесе 9 кривични пријави за акцијата која утрово беше спроведена, а на која и е дадено името „Арсенал“. Пријавените девет лица се од Скопје, Кочани, Струга и Пробиштип. Тие се на возраст од 51 до 67 години. Според информациите на МВР, кривичните дела се случиле во периодот од 2004 до 2009 […]

______________________________________________________________________________________________________

Сакате да бидете стујардеса? Катар Ервејс бара стјуардеси од Македонија -1 ноември во Скопје

Катарската авиокомпанија Катар Ервејс повторно регрутира стјуардеси од Македонија. Според информацијата објавена во дневните весници, сите заинтересирани кандидати и кандидатки кои сакаат да работат како стјуардеси и стјуарди можат своето CV да го донесат на 1 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје од 9 до 17 часот, каде што ќе имаат средба со тимот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова е уапсениот пратеник на СДСМ и бизнисмените

Нелко Менкиновски, Ванчо Деликатес со роднините и и директорот на компанијата Сувенир Самоков се меѓу уапсените во големата полициска акција утрово, осомничени за криминал тежок 2,5 милиони долари, јавува прес 24. Нелко Менкиновски важеше за близок соработник на Владо Бучковски додека тој беше министер за одбрана. Неговото име е меѓу осудените во аферата Тенковски делови […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов закон: Ќе вработуваат лица со инвалидитет или секој месец ќе плаќаат по 150 евра

Kомпаниите од јавниот и од државниот сектор што имаат над 35 вработени ќе мора да вработат лице со инвалидитет. Во спротивно, покрај ригорозните казни тешки неколку илјади евра, ќе плаќаат и надомест од околу 150 евра секој месец за онолку лица колку што требало да вработат. Ова е предвидено во новиот предлог-закон за вработување лица […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1