08/08/2014 09:36
•
Posted by: MK News
Министерството за образование и наука соопшти дека ја следи актуелната состојба со универзитетите во Албанија, каде што се откриени фалсификувани дипломи. МОН наведува дека македонските студенти кои дипломирале во странство поминуваат постапка за проверка на веродостојноста на дипломите, регулирана со Законот за високо образование. – Сите студенти кои дипломирале во странство, до Министерството за образование и наука треба да достават оригинални […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Градот Скопје денеска распиша оглас за избор на градежна компанија што ќе ја изведе реконструкцијата на првиот дел од фасадата на зградата со број 39 на улицата „Македонија“ во центарот на Скопје. Извесно е дека главната пешачка зона во метрополата ќе добие уште една барокна фасада во протежираниот стил на проектот „Скопје 2014“. Вредноста на договорот […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Град Скопје планира да постави нови поквалитетни јавни тоалети во центарот на градот. – Град Скопје бара нов тип на тоалети кои имаат подобар изглед и кои ќе можат да бидат ставени во центарот на градот, бидејќи сегашните тоалети, „Тоифор“ немаат добар изглед за прометните места, како плоштадите, изјави градскиот татко Коце Трајановски. Постапката за избор […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Врз основа на епидемиолошката состојба и потврда на случај на присуство на болеста син јазик во општина Берово во атарот на селото Русиново во одгледувалиште на овци, шест животни се позитивни на антитела, а во два од примероците со метода на PCR е утврден причинителот на болеста, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Република […]
______________________________________________________________________________________________________
08/08/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места нестабилно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер Температурата ќе се движи од 20 до 32 степени. Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне нестабилно услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе доситгне до 28 степени. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 17:07
•
Posted by: MK News
Сите добиени резултати од земените мостри се негативни на присуство на било каква бактерија, велат од месната индустрија „Екстра Меин“ од Куманово. Министерството за здравство вчера соопшти дека е утврдено присуство на листерија во месните производи на оваа компанија, но од компанијата денеска ги демантираат тврдењата. Според редовниот план за мострирање, велат од „Екстра Меин“, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 17:02
•
Posted by: MK News
Министерството за здравство соопштија дека кај пациентденес е добиен позитивен изолат на бактеријата листерија (listeria monocytogenes ) која е причинител за менингоенцефалит. Станува збор за пациент на возраст од 46 години од Неготино, кој бил хоспитализиран на Инфективната клиника на 3 август со гастроентероколит и бронхопневмонија, кој се наоѓа во тешка здравствена состојба и веднаш […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 13:29
•
Posted by: MK News
Дваесет и шест случаи на заболени од ХИВ-СИДА се откриени во првите седум месеци од годинава. Од нив 10 граѓани се болни од СИДА, а 16 се ХИВ позитивни. Според полот, 25 се мажи, а само една е жена. Најголем број од нив се заразиле во хомосексуална врска, соопшти денеска доктор Жарко Караџовски, началник на Одделот […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 13:13
•
Posted by: MK News
Единицата за насилен криминал идентификуваше двајца учесници во насилниот инцидент во кој беше демолиран угостителски објект во старата скопска чаршија. Двете лица беа лишени од слобода од страна на припадниците на „Алфа“ единицата по што во присуство на надлежниот Јавен Обвинител беше извршено нивно препознавање. Се работи за насилници на возраст од 24 и 25 […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Тамам сме легнале навечер да одмориме пред телевизија, соседите почнуваат со тропање. Kоваат, кршат плочки, го реновираат станот, а тоа го прават навечер оти дење им е топло. Немаме раат, се жали една скопјанка. Друг раскажува дека секојдневно слуша караници и викотници меѓу соседите од станот отспротива, кои му го нарушуваат мирот. Трети се жалат […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Несреќен случај, а не самоубиство е причината за смртта на сопственикот на ресторанот Буре, тврди неговото семсјество во изјава за порталот Либертас. Според информациите, тој не се расправал со својата сопруга а зад ресторанот Имес случајно се застрелал додека го чистел карабинот. Првично во медиумите беше објавена информација дека М.М. си го одзел животот застрелувајќи […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 09:50
•
Posted by: MK News
Најтрофејниот македонски клуб Вардар во првиот квартал од 2015-та година ќе добие модерен спортски комплекс според сите стандарди на ФИФА и УЕФА. Изградбата на овој спортски комплекс ќе започне кон средината на месец октомври оваа година, а сите градежни зафати треба да завршат до март следната година кога ќе биде пуштен во функција. Како што […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Свинскиот врат кај кој беше изолирана бактеријата листерија, чиј генетски профил се совпаѓал со оној кај 8-те инфицирани пациенти во Македонија, до вечерва се повлекува од продажба во сите маркети. Се работи за вакумиран сечкан свински врат, производ на „Екстра меин“ од Куманово, кој бил откриен во малопродажбата во Гевгелија. Опасната бактерија била откриена во […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Општина Аеродром го зголемува бројот на термини за бесплатен тенис. Наредниoт месец, почнувајќи од понеделник- 11. август, наместо само за време на викендите, како што беше до сега, бесплатни термини ќе има секој ден. За граѓаните се обезбедени секоја сабота и недела по три бесплатни термини за тенис и тоа од 08:00, од 19:00 и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Посебни простории за изолација за патници со симптоми на ебола и карантинска соба за лицата кои имале директен контакт со овие патници. Аеродромот Александар Велики ги стартуваше строгите мерки на претпазливост од смртоносниот вирус ебола. Ќе се постават и термални камери со кои ќе се мери телесната температура на сите патници кои влегуваат во Македонија. […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Од вчера почна реконструкцијата на крајната сообраќајна лента на булеварот Kузман Јосифовски – Питу, кај автобуското стојалиште пред Народна банка. Почетокот на работите го означи скопскиот градоначалник Kоце Трајановски. – Оваа улица беше целосно обновена во 2011 година, но веднаш пропадна, па изведувачот го санираше стојалиштето кај банката на свој трошок. Но, коловозот и по […]
______________________________________________________________________________________________________
07/08/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Во Македонија утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со пороен дожд, кој на места ќе биде обилен и проследен со грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 32 степени. Во Скопје и околината ќе има слично време со температура до 30 степени.
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2014 21:30
•
Posted by: MK News
Македонската народна песна „Стани моме да заиграш“ на Јутјуб се појави во јапонски аранжман Инаку, овие Јапонци немале никакви допирни точки со Балканот, па за затоа е интересно како ја изведуваат познатата народна песна.
______________________________________________________________________________________________________