11/04/2022 17:51
•
Posted by: MK News
Емануел Макрон и Марин Ле Пен ќе се најдат во вториот круг од претседателските избори. Првите резултати од претседателските избори во Франција покажуваат дека во вториот круг од изборите ќе одат актуелниот претседател, центристот Емануел Макрон и кандидатот Марин Ле Пен. Макрон освоил меѓу 28,6 и 29,7 насто од гласовите, а Марин Ле Пен меѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
08/04/2022 14:13
•
Posted by: MK News
Украинскиот претседател Владимир Зеленски денес преку видео врска се обрати на грчкиот Парламент. Видеообраќањето на украинскиот претседател се пренесуваше во живо, преку Собранискиот канал Претседателот на Украина, Володимир Зеленски покани Грк кој се бори во неонацистичката единица Азов да се обрати пред грчкиот Парламент. Зеленски сакаше да покаже дека грчката заедница во Украина, која е […]
______________________________________________________________________________________________________
04/04/2022 13:46
•
Posted by: MK News
Унгарскиот премиер Виктор Орбан прогласи победа на денешните парламентарни избори. Во својот говор, Орбан рече дека „изгледа прилично добро, можеби никогаш подобро“. „Ова е голема победа. Освоивме толку многу што може да се види од Месечината, а секако и од Брисел“, рече Орбан. Според првичните резултати, владејачката партија Фидес на премиерот Орбан има убедлива предност […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2022 13:39
•
Posted by: MK News
„Мета“ платформите ќе им дозволат на корисниците на Фејсбук и Инстаграм во некои земји да повикуваат на насилство против Русите и руските војници во контекст на инвазијата во Украина, според интерните мејлови до кои агенцијата „Ројтерс“ имала пристап во четвртокот, како привремена промена на нејзината политика за говор на омраза, јавува Ројтерс Компанијата, исто така […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2022 13:32
•
Posted by: MK News
Советот за безбедност на ОН ќе се состане денеска на барање на Русија, на расправа по однос тврдењата на Москва дека САД финансираат разработка на биолошко оружје во капацитети во Украина. „Руската мисија побара состанок на Советот за безбедност на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД во Украина“, објави […]
______________________________________________________________________________________________________
11/03/2022 13:31
•
Posted by: MK News
Продавниците и аптеките се ограбени. Болниците работат само делумно. Луѓе кои се борат за храна или земаат гориво од напуштени автомобили. Зеленчукот исчезнува на „црниот пазар“, а месото никаде го нема. Така, висок функционер на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) во опколениот украински град Мариупол ги опиша тешките услови во градот. Сите продавници и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2022 14:30
•
Posted by: MK News
На Украина и претстои многу работа како би се придружила кон ЕУ, но тој процес е почнат, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во интервју за телевизиската станица „Си-Ен-ЕН“. Многу е сторено, но има уште работа за да се приближиме. Сепак, процесот е во тек – порача фон дер Лајен. Според неа, […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2022 14:16
•
Posted by: MK News
Цените на фјучерсите на гасот во Европа скокнаа за повеќе од двојно во понеделникот во претпладневното тргување, надминувајќи го нивото 3.600 долари за илјада кубни метри, според податоците од лондонската берза ICE Цената на гасот на берзата во Европа четврти ден со ред го обновуваат историскиот рекорд и денеска расте за повеќе од 67 отсто […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2022 14:12
•
Posted by: MK News
Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку видео порака изјави дека Украина нема да прости. „Нема да им простиме на уништените куќи. Нема да му простиме на проектилот што нашата воздушна одбрана го собори денеска над Окматид. И повеќе од 500 проектили што ја погодија нашата земја, нашиот народ, нашите деца. Нема да простиме пукање на невооружени […]
______________________________________________________________________________________________________
07/03/2022 14:09
•
Posted by: MK News
Во неделата, неколку Руски банки објавија дека планираат да започнат со користење на Кинескиот „UnionPay“ трансакциски оператор. Овој чекор, дојде брзо по воведените санкции од страна на Mastercard и Visa кои ги исклучија сите Руски банки од својот систем на плаќање. Во саботата, интернационалните компании „Visa“ и „Mastercard“ објавија дека ќе се придружат на воведените […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 18:39
•
Posted by: MK News
Јутуб објави дека ќе преземе мерки против неколку канали на својата платформа, вклучително и ограничување на пристапот до телевизиската станица RT во сопственост на Русија по руската инвазија на Украина. „Со оглед на вонредните околности во Украина, преземаме неколку мерки. Оневозможуваме голем број канали за монетизација на YouTube, вклучително и неколку руски канали поврзани со […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 17:19
•
Posted by: MK News
Украинската армија објави видео на кое, како што велат, се гледа уништувањето на рускиот конвој со дрон. Според украинските власти, станува збор за турско беспилотно летало што го користи украинската армија, а кое на земја уништува конвој руски возила. Видеото, покрај војската, го објавија и неколку украински владини претставници.
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 17:08
•
Posted by: MK News
Прес секретарот на Белата куќа, Џен Псаки денеска изјави одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави руските сили за нуклеарно одвраќање на висока готовност е дел од моделот за производство на закани од страна на Москва со цел да ја оправда агресијата. „Го видовме како го прави ова одново и одново. Во ниту […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 17:05
•
Posted by: MK News
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво. „На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 17:01
•
Posted by: MK News
Според светските медиуми, претседателот на Русија, Владимир Путин денеска им наредил на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов и министерот за одбрана Сергеј Шојгу да ги стават руските сили за нуклеарно одвраќање во состојба на специјална борбена готовност. „Можете да видите дека западните земји не само што преземаат непријателски дејствија кон нашата […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 16:59
•
Posted by: MK News
Украина има целосна контрола над градот Харков во североисточна Украина, објави на социјалните мрежи регионалниот гувернер Олег Синегубов. -Контролата над Харков е целосно наша! Вооружените сили, полицијата и одбранбените сили работат, а градот целосно се чисти од непријателите, напиша Синегубов на Телеграм, споделувајќи и фотографии од заробени руски војници. Руските трупи влегоа во вториот по […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 16:58
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Киев, Кличко тврди дека во војната загинаа девет цивили, вклучително и едно дете. Тие се убиени во Киев од 24 февруари до денеска. „Четири неидентификувани лица и 18 украински војници и војници на територијалната одбрана загинаа, 106 лица беа повредени, од кои 47 цивили“, известуваат тамошните медиуми. Инаку од утринава имаше три големи […]
______________________________________________________________________________________________________
27/02/2022 16:54
•
Posted by: MK News
Руските вооружени сили уништија 975 објекти на украинската армија, изјави денеска портпаролот на Министерството за одбрана на Русија, генерал-мајор Игор Конашенков.Тој тврди дека биле соборени 26 авиони, пренесе ТАС С. „Досега руските сили уништија 975 објекти на украинската воена инфраструктура, вклучувајќи 23 командни пунктови и комуникациски центри, три радарски станици, 31 систем за воздушна одбрана […]
______________________________________________________________________________________________________