12/10/2018 15:32
•
Posted by: MK News
Во интервју за францускиот весник „Ле Монд“, претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, кој доаѓа од редовите на Европската Народна Партија (ЕПП), смета дека на унгарскиот премиер, Виктор Орбан и неговата партија не им е повеќе местото во оваа политичка група. – На господинот Орбан не му е повеќе местото во ЕПП. Тоа го кажав […]
______________________________________________________________________________________________________
11/10/2018 13:55
•
Posted by: MK News
Ураганот Мајкл ги однесе првите жртви на Флорида, додека над 400 илјади приватни куќи и деловен простор во сојузните американски држави Флорида, Џорџија и Алабама останаа без струја откако бурата го погоди северозападното копно на Флорида. Првата жртва е маж врз кој паднало дрво кое пропаднало низ покривот од неговата куќа на Флорида, потврди портпаролката […]
______________________________________________________________________________________________________
10/10/2018 14:42
•
Posted by: MK News
Поранешниот личен асистент на извршниот директор на „Голдман Сакс” се самоуби скокајќи од хотел на Менхетн, истиот ден кога требаше да се појави во федералниот суд каде е обвинет за кражба на ексклузивна колекција вина од неговиот поранешен шеф. Николас Де Мајер е обвинет за крадење на висококвалитетно вино вредно над 1,2 милиони долари од […]
______________________________________________________________________________________________________
09/10/2018 12:59
•
Posted by: MK News
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун упати покана до папата Франциско да го посети Пјонгјанг, се наведува во соопштението од кабинетот на јужнокорејскиот претседател. Претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин ќе му ја врачи поканата на папата од Ким, при неговата посета на Европа следната недела. За време на средбата помеѓу Ким и Мун, севернокорејскиот лидер изјавил […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2018 20:21
•
Posted by: MK News
Шпанскиот суд го прогласи за виновен гинекологот Едуардо вела за кражба на бебиња за време на владеењето на диктатурата кон средината на минатиот век. Судот во Мадрид го прогласи за виновен гинекологот , кој помагал илјадници бебиња од семејства на политички непожелни лица да завршат во други семејства. Сепак , веднаш потоа судот го ослободи […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2018 13:23
•
Posted by: MK News
Властите во Пекинг соопштија денеска дека кинескиот чиновник Менг Хонгвеи, кој поднесе оставка на чело на Интерпол, е под истрага дека примал мито. Менг „примал поткуп и е осомничен дека го прекршил законот“, се наведува во соопштението на Министерството за јавна безбедност. Деталите за случајот не се наведуваат, а соопштението е издадено неколку часа откако […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2018 13:12
•
Posted by: MK News
Во Австрија се појави епидемија на многу заразен конјуктивитис. Лекарите предупредуваат дека се зголемил бројот на инфекции на око и дека има се повеќе случаи на таканаречен „очен грип“. Инфекцијата е предизвикана од аденовирус. Типични симптоми се конјуктивитис со промени на рожницата. Многу е заразен, а болеста се пренесува со директен контакт, на пример по […]
______________________________________________________________________________________________________
08/10/2018 13:10
•
Posted by: MK News
Езерата ширум Алјаска и Сибир почнале да испуштаат балончиња од метан, а ова испуштање на гасови кои создаваат ефект на стаклена градена ги загрижило научниците. Глобалното затоплување го топи арктичкиот пермафрост, штетните гасови се испуштаат во атмосферата, но лошата вест е тоа што овој процес се случува побрзо од очекуваното. Минатиот месец американската вселенска агенција […]
______________________________________________________________________________________________________
06/10/2018 21:57
•
Posted by: MK News
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им наредил на министрите да престанал да ги користат консултантските услуги на американската фирма Мекинси. Наредбата следувала откако договорот со таа фирма бил критикуван од претставниците на опозицијата. Минатиот месец, министерот за финансии Барат Албајрак, кој е зет на Ердоган, изјавил дека Турција одлучила да работи со фирмата Мекинси за […]
______________________________________________________________________________________________________
06/10/2018 11:05
•
Posted by: MK News
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во провинцијата Катанија на италијанскиот остров Сицилија. Епицентарот на земјотресот бил на територијата на општината Санта Марија ди Ликодија и на длабочина од девет километри. Според локалните медиуми, неколку лица биле хоспитализирани со мали повреди, и во состојба на шок. Како резултат на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 21:53
•
Posted by: MK News
Воената разузнавачка служба на Холандија соопшти дека спречила руски хакерски напад врз Организација за забрана на хемиско оружје со седиште во Хаг. Операцијата била планирана од разузнавачи на руската воерна разузнавачка служба соопшти министерката за одбрана Анк Бејлевелд. Во врска со случајот четворица Руси се протерани од Холандија. Во меѓувреме и британските и австралиските власти […]
______________________________________________________________________________________________________
04/10/2018 14:18
•
Posted by: MK News
Западот, како и досега, се обидува да ја вовлече Македонија во НАТО, дури и по референдумот за промена на името, изјави портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на редовниот неделен брифинг во Москва. Како што пренесува ТАСС, Захарова изјави дека „очигледната цел на западните земји е по секоја цена да ја внесат […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2018 10:44
•
Posted by: MK News
Суд во Турција ги потврди доживотните казни за шесте новинари, откако беа осудени за наводно помагање во планирањето на неуспешниот државен удар во таа земја. -Ахмет Алтан, неговиот брат Мехмет Алтан и уште четворица новинари претходно беа осудени на доживотна казна затвор поради наводната поврзаност со мрежата на муслиманскиот имам Фетула Ѓулен кој турскиот режим […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2018 09:15
•
Posted by: MK News
Артур Ашкин, Жерард Моро и Дона Стрикленд се добитници на Нобеловата награда за физика за 2018 година за унапредување ласерската физика. Ашинкин развил оптиќки пинцети со кои можат да се фата ситни честички како што се вирусите ,а при тоа да не се оштетат. Стрикленд и Моро помогнале во развивање кратки ин интензивни ласерски импулси […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2018 15:48
•
Posted by: MK News
Индонезија беше погодена од силен земјотрес, а притоа застрашувачки цунами го опустоши островот Сулавез. Настрадале повеќе од 830 лица, а се стравува дека бројот не е конечен. Бранови виоки од 6 метри срамниле со земја два града. За жал, ова не е најлошиот цунами кој се случил во блиското минато. Третото најсилно цунами погодило 3 […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2018 15:17
•
Posted by: MK News
Во морето лоши вести за се поголемиот број на жртви од земјотресот и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавези, а кои според последниот, но не и конечен биланс се 1234, денеска се појави уште една светла точка: спасувачите во Палу извлекоа жив човек од под урнатините. Како што пишуваат локалните медиуми, 38-годишниот Сапри Нусин […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 14:06
•
Posted by: MK News
Светските новински агенции во своите утрински извештаи му даваат забележлив простор на вчерашниот референдум во Македонија. Ројтерс под насловот: „Референдумот за името во Македонија не успеа да ја достигне потребната излезност“ ја акцентира изјавата на претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, во која се соопштува дека заради тоа што не е постигнат цензусот од […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2018 13:37
•
Posted by: MK News
Нобеловата награда за медицина за 2018 година им е доделена на Џејмс П. Алисон од САД и Тасуку Хонџо од Јапонија за нивното откритие за терапија за рак преку инхибиција на негативната имуна регулација. „Ова откритие е навистина уникатно. Многу имуни терапии се откриени низ децениите, беа успешни на глувци но ретко функционираа кај луѓето […]
______________________________________________________________________________________________________