24/03/2018 13:44
•
Posted by: MK News
Само што стапи на функцијата, новиот премиер на Словачка Петер Пелегрини дојде во центарот на вниманието на јавноста зошто во текот на една конференција за медиуми забележано е како од џебот му паѓа вреќичка со нешто што потсетува на бел прав. Иако од снимката не може најјасно да се заклучи за што се работи, социјалните […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 13:23
•
Posted by: MK News
Британскиот принц Хари и неговата свршеничка Меган Маркл поканиле 600 гости на својата венчавка во мај. Од Кенсингтонската палата соопштија дека сите кои ќе бидат повикани на церемонијата на 19 мај во капелата „Сент Џорџ“ во дворецот Виндзор, домот на кралицата Елизабета, ќе бидат повикани и на ручек. Вечерта 200 гости ќе присуствуваат на приватниот […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 13:14
•
Posted by: MK News
Американскиот милијардер Илон Маск ги избриша официјалните страници на „Тесла Моторс“ и „СпејсХ“ на најпопуларната социјална мрежа. Онлајн петицијата „избриши го Фејсбук“ (#deletefacebook) е создадена по избивањето на скандалот со „Кембриџ аналитика“, компанија која добила податоци за повеќе од 50 милиони корисници на Фејсбук. Маск се пошегува со компанијата „Сонос“, потсетувајќи ги првите луѓе дека […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2018 11:39
•
Posted by: MK News
Почина полицаецот кој беше тешко повреден во вчерашниот терористички напад на југот на Франција, изјави франскиот министер за внатрешни работи Жерар Колон. Полицискиот офицер Арно Белтрам (45) му се предаде на киднаперот во замена за ослободување на заложниците. „Франција никогаш нема да го заборави неговото херојство, неговата храброст, неговата жртва“, напиша Колон на Твитер. Францускиот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2018 16:49
•
Posted by: MK News
Лицето кое денеска задржа неколкумина заложници во супермакет во градот Треб во југозападна Франција, е неутрализирано од страна на француската полиција, јавија локалните. медиуми. Киднаперот пред ликвидирањето побарал ослободување од затвор на исламистот Селех Абдесалам, кој е осмничен дека стои зад нападите во Париз од ноември 2015 година, при што загинаа околу 130 лица. Градоначалникот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2018 13:38
•
Posted by: MK News
По скоро девет месеци од трагичната смрт на актерот Антон Јелчин, неговите родители постигнаа договор во судскиот спор со автомобилската компанија Фиат Крајслер, која ја тужеа поради несреќата. – Компанијата Фиат Крајслер е задоволна од постигнувањето мирно, пријателско решение за овој проблем, соопшти Фиат. Ѕвездата на поновите филмови од серијалот „Ѕвездени патеки“, Антон Јелчин, загина […]
______________________________________________________________________________________________________
23/03/2018 13:35
•
Posted by: MK News
Во супермаркет на југозапад во Франција маж кој тврди дека е припадник на ИД држи заложници, јави АФП. Како што пишуваат француските медиуми, тој влетал во супермаркетот, ја отворил вратата и извикал „Алах акбар“. – Има две жртви, изјави градоначалникот на градот Треб каде е инцидентот. Тој не прецизира дали станува збор за повредени или […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2018 20:46
•
Posted by: MK News
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во емисијата „60 минути“ на телевизијата Си-Би-Ес одговори на повеќе прашања за улогата на исламот, женските права, затворањето на саудиските принцови, но и за своето богатство. Тој истакна дека е свесен оти во Саудиска Арабија е доминантно ултраконзервативното презентирање на исламот, поради што на жените им се одземени човековите права. […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2018 20:02
•
Posted by: MK News
Во 2017 година биле откриени многу лажни Фејсбук профили од Македонија кои се обидувале да шират лажни вести, тврди првиот човек на социјалната мрежа Цукерберг. Ова го открила интерната истрага направена за време на специјалните избори за сенатот во Алабама. -Во 2017 година, пак за време на специјалните избори за сенатот во Алабама, распоредеивме нови […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2018 11:47
•
Posted by: MK News
Канада донесе одлука во официјалните формулари да ги замени термините „мајка“ и „татко“ со „родители“ и најави исфрлување на термините „господин“ или „госпоѓа“ од официјалната коресподенција. Канадската Влада донесе одлука да стави неутрален род во сите свои обрасци. Министерството за семејство образложи дека досегашните формулари не биле прилагодени на сегашните околности. Одлуката е донесена откако […]
______________________________________________________________________________________________________
22/03/2018 11:45
•
Posted by: MK News
Американските медиуми го објавија идентитетот на осомничениот бомбаш кој постави неколку експлозивни направи во Остин. Марк Ентони Кондит загина откако активира направа кога полицајците му се приближија за време на потера северно од главниот град на Тексас. Кондит (23) живеел во Остин и се претпоставува дека поставил бомби на неколку локации во градот. Тој живеел […]
______________________________________________________________________________________________________
21/03/2018 11:15
•
Posted by: MK News
Поранешниот француски претседател Никола Сакрози повторно е денеска на распит во рамки на истрага за сомневања за финансирање на неговата претседателска кампања во 2007 година од Либија за време на Моамер Гадафи, јави АФП. Истражувачот ги истражува тврдењата дека Гадафи тајно му дал на Саркози 50 милиони евра за претседателската кампања, што би било значително […]
______________________________________________________________________________________________________
21/03/2018 10:57
•
Posted by: MK News
Основачот на социјалната мрежа Фејсбук, Марк Цукерберг, се уште се нема произнесено во јавноста во врска со кражбата на 50 милиони профили од страна на фирмата „Кембриџ аналитика“ која во 2016 работела во полза на кампањата на претседателот Доналд Трамп. Акциите на Фејсбук изгубија во вредност по обелоденувањето на скандалот викендот од страна на „Њујорк […]
______________________________________________________________________________________________________
20/03/2018 11:28
•
Posted by: MK News
Француската полиција денеска го приведе на распит поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози во рамки на истрагата за илегално финансирање на неговата предизборна кампања. Како што јави АФП, истрагата се води околу сомнежите дека за време на претседателските избори во Франција во 2007 година, кампањата на Саркози била илегално финансирана од Либија. Во 2014 година, […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:32
•
Posted by: MK News
Прочуената пророчица, Баба Ванѓа која предвидела многу работи, има и едно предвидување за идниот светски лидер. Баба Ванѓа починала во 1996 година, на 85- годишна возраст , но има предвидувања за неколку векови , се до 51-ви кога према нејзините визии ќе биде крај на светот. Магазинот „Бриминген меил„ пишува дека таа ја предвидела и […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 14:16
•
Posted by: MK News
Со големо мнозинство гласови добиени на вчерашните избори, актуелниот претседател на Руската Федерација Владимир Путин (66) и во следните шест години ќе остане на таа функција. Путин освои гласови од 76,67 отсто гласачи и им се заблагодари на граѓаните за поддршката што му ја дадоа нагласувајќи дека во таа поддршка гледа доверба од граѓаните и […]
______________________________________________________________________________________________________
19/03/2018 10:10
•
Posted by: MK News
Ајфеловата кула утрово била затворена за посетителите поради снегот и студот, соопштила компанијата задолжена за одржување на познатата париска знаменитост. На сајтот на Твитер компанијата објавила фотографија на која се гледа снег околу Ајфеловата кула.
______________________________________________________________________________________________________
18/03/2018 22:47
•
Posted by: MK News
Акробат на светски познатата група „Сирк де солеј“ почина по пад за време на настапот во Тампа, Флорида. Триесет и осумгодишниот Јан Арно учествувал во точка која вклучува висечки ленти, кога паднал од голема височина. Тој им подлегнал на повредите во болница. „Целото семејство на ‘Сирк де солеј‘ е во шок. Јан беше со нас […]
______________________________________________________________________________________________________