Компаниите Гринер Пакиџинг и Магна Интернешанал нудат плата од 1000 евра за работа во Војводина во општината Оџаци, но досега никој не се јавил да биде менаџер.
Овие фирми имаат намера да вработат околу 900 работници и да инвестираат 8 милиони евра за погон за производство на навлаки за автомобилски седишта, објави српски телеграф.
Во општината Оџаци има 4.600 незапослени, а просечната плата е 266 евра. Иако досега објавиле неколку огласи да се јави заинтересиран менаџер за плата од 1000 евра, досега никој не се пријавил. Менаџерот кој би ја прифатил работата би морал да живее во ова мало место, сметаат дека токму тоа е причина што идзивот е слаб, но ги изненадува што никој не се пријавил ниту од местото каде ќе биде лоцирана фабриката.