Ден без автомобили во Скопје – еве кои улици ќе бидат затворени


Градот Скопје Ве поканува на големото велосипедско дефиле чиј старт е закажан за утре во 10 часот пред Порта Македонија и ќе се вози по градските улици по повод 22 Септември – Денот без автомобили.tocak

Велосипедистите утре ќе возат по следната маршрута: Порта Македонија – улица Димитрија Чуповски – па десно по булеварот Свети Климент Охридски, потоа лево по булеварот Партизански одреди до кружниот тек кај Порта Влае и назад по булеварот Партизански одреди, па лево по булеварот 8.Септември, потоа десно по булеварот Илинден до целта кај Школката, во Градскиот парк (должина од околу 10 километри).

Градот Скопје ги информира граѓаните дека за времетраење на велосипедското дефиле наведените улици од маршрутата ќе бидат затворени за сообраќај.

По завршувањето на дефилето, во 11 часот, кај Школката во Градскиот парк ќе се одржи музичко-забавен хепенинг.

Во велосипедското дефиле што утре  ќе се вози по градските улици ќе учествува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1