Денеска е задушница – спомен за починатите


Според народните верувања на овој ден душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење.

Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни (пролетна и есенска) задушници, но задушниците порзани со Духовден кој се одбележува утре, се официјално признати од црквата па биле прифатени и од народот.

duhovden - zadusnica

Ваквата средба со душите на починатите се обавувала на гробовите со палење на свеќи, кадење на гробот, посипување на вино врз него, кршење на орев како хтоничен плод со кој се повикуваат душите на средба, со обредни лепчиња, со раздавање на храна и ритуален оброк заедно со мртвите.

На овој ден голем број граѓани одат на гробишта и раздаваат храна за покој на душата на починатите. На ден сабота, се посетуваат местата на почивање на блиските, се палат свеќи во нивна слава и чест, се спомнуваат нивните дела и сеќавањата на нив.

Задушница се практикува меѓу православните христијани и обележува уште од 12 век. Тоа е денот кога молитвата се посветува на претците, и се остава трага нивна во нас, како што ние очекуваме дека нашите потомци ќе се сеќаваат на нас. Освен тоа, според Житието, денешниот ден се памети како ден кога во време на иконоборството во 8. век е пронајдена, по трет пат, главата на Свети Јован Крстител и однесена во местото Комане, место на прогонство на Свети Јован Златоуст.

Инаку, согласно Законот за празници на Република Македонија денеска е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во нашата земја.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1