Гром ја прекина вечерната молитва на муслиманските верници во североистокот на Бангладеш.
Животот го загубија најмалку 10 лица, а 12 се повредени. Шефот на полицијата Хук изјави дека громот усмртил десет лица на самото место, додека пак повредените биле итно пренесени в болница.
Тој додава, бројот на загинатите веројатно ќе расте, со оглед на тоа што голем број од хоспитализираните лица се со тешки телесни повреди.