Десетгодишно девојче обвинето за убиство на бебе


Десетгодишно девојче е обвинето за убиство на тримесечно бебе соопштила полицијата во Меин, Северна Америка, со што смртта на детето која настапила во јули сега е прогласена за убиство.

Полицијата не сакала да го открие идентитетот на девојчето кое пред судот за малолетници ќе се појави во октомври.

Полицијата соопштила дека дадилката повикала полиција изјавувајќи дека детето не дише.

Мајката на бебето Никол Гринвеј рекла дека десетгодишното девојче живеело во куќата на дадилката.

Таа изјавила дека полицијата и рекла дека бебето испило лек кој се користи за лечење на недостаток на внимание и дека се загушило. Мајката исто така изјавила дека забележала модринки по телото на своето девојче.

Портпаролот на службата за јавна безбедност Стив Мекозланд изјавил дека осомниченото девојче е најмладата личност во Меин обвинета за убиство од небрежност во последните дваесет и пет години.

Share Button

Tags: , , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1