Од утре во ЕУ се повлекуваат класичните светилки од 40 вати


Од утре 01.09.2012 година, во Европската Унија започнува постепено повлекување од пазарите на неефикасните класични светилки од 40 вати во согласност со уредбата од 2009 година, а истите ќе се заменат со производи кои штедат енергија.

Со оваа уредба е предвидено замената на овие светилки да биде завршена до крајот на оваа година, објавува Еуроактив. Рс.

Уредбата донесена во март во 2009 година предвидува повлекување на нештедливите светилки и утврдување на критериуми на енергетска ефикасност кои може да ги исполнат само компактните флуоресцентни и лед светилки.

Повлекувањето започна со класичните светилки со јачина од 100 вати или појаки веднаш по донесување на уредбата.

Светилките од 75 вати почнаа да исчезнуваат од пазарите на 01.09.2010 година, оние од 60 вати година дена подоцна, а на 01.09.2012 година на ред стигнаа и оние од 40 вати па и послабите.

Сите нештедливи мат или „млечни“ светилки од сите волтажи се повлекуваат од самиот почеток на примена на уредбата.

Покрај лед светилките и компактните флуоресцентни сијалици на пазарот ќе може да се најдат нови подобрени класични светилки.

Со цел да им се помогне на граѓаните да го направат вистинскиот избор, со уредбата на ЕУ е пропишано на амбалажата од производот дека производителите мора да наведат детали како што се колку часа светилката може да свети, колку вклучувања и исклучувања може да издржи, колкаво е времето на загревање и др.

Според досегашните податоци лед светилките заштедуваат дури до 80 проценти енергија во споредба со класичните.

Во просек потрошувачката на електрична енергија во едно домаќинство со примена на штедливи светилки ќе биде намалена за 15 отсто што е еднакво на нето заштеда од 25 до 50 евра годишно, зависно од големината на домаќинството и бројот на светилки кои се користат.

Традиционално евроскептичните Британци веднаш најдоа „дупка во системот“.

Како што наведува Дејли меил, многу продавачи ќе може и понатаму да продаваат светилки наменети за „индустриска употреба“ во фабриките.

Најмалку две бридански компании ја користат дупката за да продолжи со масивно производство со т.н. „отпорни светилки“ кои изгледаат и работат речиси исто како и класичните светилки но се потрајни и поотпорни.

Тие нема да се најдат во големите супермаркети но ќе може да се набават во дуќаните за електроопрема и преку онлине добавувачите, пишува Дејли меил.

„Дупката“ се појавила бидејќи ЕУ ги забранува светилките од 40 вати само за „домашните“ светилки, што значи дека во продавниците може да продолжат да се продаваат оние кои се наменети за „индустриска“ употреба.

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1