Двајца напаѓачи упаднале и после жестока вербална расправија со огнено оружје го убиле сопственикот на ресторанот 56 годишниот Васил Ристески, кој воедно беше претседател на демохристијанска партија во Охрид и кандидат за градоначалник на последните избори. Убиен е и неговиот пријател од Лескоец 38 годишен Ромео Ѓузлески, кој бил во ресторанот, пренесува Канал 5.
Според првичните неофицијални информации напаѓачите имале нерасчистени должничко доверителски односи со сега убиените. Давање односно земање пари на заем со високи камати за што и претходно имале недоразбирања.
Денеска пред кафеаната “Император” сместена на излезот од Охрид кон Лескоец беше мирно. Соседите за Канал 5 видно потресени раскажуваа за настанот.
– Утрово слушнав за убиството. Катастрофа. Треба поригорозни казни, велат од соседните дуќани.
– Ги познававте ли убиените? Да комшии тука ги знаевме. Многу фини луѓе. Ова е ужас, вели една соседка.
– Потресени сме ова е ужас, велат жителите.
После убиството напаѓачите веднаш се вдале во бегство. Утрово еден од нив е уапсен, а по вториот се уште трага полицијата, јавува Канал 5.
Повеќе детали од немилиот настан се очекуваат во текот на денешниот ден.