Детали за големата полициска акција – уапсени шефови на царина


Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје, по превземени мерки и активности и соработка со Одделението за внатрешни истраги при Секторот за професионална одговорност во Царинската управа, до надлежното ОЈО со кривична пријава предаде вкупно шест лица и тоа: С.Р.(38), Д.С.(33), Ј.М.(35) и З.К.(45) за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“, како и В.Р.(39) и С.М.(46) за сторено кривично дело „Прикривање“.carina

Имено, пријавените С.Р.(цариник), Д.С.(шеф на испостава Царинарница Скопје Ц.И. Блаце), Ј.М.(виш цариник Царинарница Скопје Ц.И. Аеродром Скопје) и З.К. (самостоен советник за застапување пред судовите-Одделение за царинско управна постапка), во својство на службени лица вработени во Царинска управа на РМ, во текот на минатата и оваа година, ја злоупотребиле својата службена положба и тоа во Царинска испостава „Аеродром“ Скопје каде од магацинот во кој се одлагала привремено задржаната стока по основ на откриени прекршоци, одземале мобилни телефони, парфеми, рачни часовници, патики, текстилна стока, техничка стока и златен накит, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 1.527.000 денари и ја оштетиле Царинската управа на РМ. Од друга страна, пријавените В.Р.(вработен во Агенција за вработување на град Скопје) и С.М.(вработен во мобилара „Мобил шоп“) дел од одземените предмети ги прикривале, иако знаеле дека истите потекнуваат од кривично дело.

Одделението за внатрешни истраги при Царинската управа кое функционира во рамките на Секторот за професионална одговорност во текот на годинава во повеќе наврати извршила внатрешна контрола во магацинот во ЦИ Аеродром „Александар Велики“ Скопје, во кој била сместена привремено одземена стока по основ на сторени царински прекршоци. Притоа, било констатирано дека дел од одземена стока (златен накит, патики, текстилната стока, поголем број на мобилни телефони, парфеми, часовници и друго) недостасува или пак е заменета со нејзина копија.

Врз основа на Наредби на Судија на претходна постапка од Основен суд Скопје 1 Скопје, извршени се претреси во дом кај С.Р. каде не се пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, Д.С. од кој е одземен еден мобилен апарат со картичка од Т-мобиле, З.К. од кој се одземени една СИМ картичка од операторот ВИП и една од операторот ОНЕ и В.Р. – брат на првопријавениот С.Р., од кој со Потврда за одземени предмети е одземен мобилен апарат и парфеми.

Со шесте пријавени лица, извршени се разговори, во кои истите го појасниле начинот на извршување на кривичните дела. Д.С. појаснил дека телефонот го купил од првопријавениот С.Р., Ј.М. појаснил дека од сефот со одземени телефони земал еден телефон кој го заменил со друг од кинеско потекло, по што подоцна го дал на З.К. да го продаде за поголема сума на пари, додека З.К. се изјаснил дека телефонот го користел неговиот син. Од извршениот разговор со В.Р., дознаено е дека мобилниот телефон и парфемите му биле дадени од страна на неговиот брат, додека пак шестопријавениот појаснил дека во неговата мобилара од страна на С.Р. му биле донесени три телефони за да ги продаде, при што едниот му го вратил, а двата ги продал на непознати лица, а воедно се изјаснил и дека во повеќе наврати од С.Р. му било понудено да купи и други предмети.

Исто така, од извршените разговори со четири лица за кои е утврдено дека користеле некои од предметните (мобилни телефони) и добиено е појаснување дека ги купиле преку оглас на Пазар 3 (во еден случај) или од продавница за мобилни телефони и истите се одземени.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1