Детали за тешката сообраќајка кај Удово – загина жена


Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа која меѓу две возила се случи утринава на автопатот А2 делница село Удово – село Марвинци, спроти село Јосифово.

Педесет и шестгодишна државјанка на Србија утринава загина во сообраќајна незгода што се случи на автопатот А-1, делница село Удово-село Марвинци, наспроти селото Јосифово.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во сообраќајната несреќа на лице место починала Д.П. сопатник во патничко возило. Смртта била констатирана од страна на екипа од Итната медицинска помош.

Несреќата се случи утринава во 9:20 часот меѓу патнички возила „тојота авенис“ управувана од В.С. од Србија и „пежо 308“ управувано од С.П. исто така од Србија.

Во тек е увидот од страна на надлежните органи.

Сообраќајот се пренасочува по локален пат низ село Удово

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1