Девет најштетни адитиви во храната


Некогаш храната на која пишуваше „со вкус на овошје“ или „со вкус на сирење“ содржеше овошје и сирење. А денеска? Листата на адитиви кои се користат во исхраната ја надмина бројката од три илјади. Некои од нив не се штетни но некои навистина не смее да бидат дел од секојдневниот внес на храна.

1.Олестра: Може да предизвика пролив. Ја отежнува апсорпцијата на најважните хранливи материи, како што се бета каротин и ликопен. Застрашувачка е и студијата спроведена врз животни на Универзитетот „Purdue“ која покажала дека може да предизвика забрзано дебелеење за разлика од вистинските маснотии.

2. Пигмент Карамела: Најчесто може да се сретне во газираните пијалоци и во десертите. Доколку се произведува од обичен шеќер главно не е штетен, но доколку во процесот на производство е користен амоњак, тогас се создаваат хемикалии кои се поврзуваат со рак на мускулите.

3. Сахарин: Студиите го поврзуваат со рак на мочниот меур. Докажано е дека глувците многу брзо се гојат доколку јадат сахарин отколку обичен шеќер.

4. Калиев Бромат: Се става во брашното и овозможува раст на тестото за време на процесот на печење, а предизвикува тумор кај бубрезие и штитната жлезда кај глувците. Многу земји ставиле забрана за негова употреба.

5. Карагенан: Студиите направени врз животните овој адитив го поврзуваат со појава на рак, проблем со дебелото црево и чиреви. Не постојат јасни докази дека истиот штети врз човечкото здравје, но нутриционистите би ве советувале да го избегнувате. Често се користи во диеталните производи.

6. BHA: Може да е канцероген. Го има во гумите за џвакање Орбит.

7. Деично хидрогенизирано растително масло: Главен извор на трансмасти, кои предизвикуваат и до 70 илјади срцеви удари годишно во САД. Се користи за пржење на храната во рестораните. Го има и во маргаринот.

8. Сулфити: Ја одржуваат бојата на храната и го спречуваат растот на бактериите со испштање на сумпоров диоксид. Како конзерванс се користи повеќе од 1000 години, но кај осетливите и астматичарите може да предизвика потешкотии. Невнимателно додавање во вино, смокви или во свежи производи во рестораните може да предизвика и смрт, како што беше случај во 1980 година на ериторијата на САД.

9. Азодикарбонамид: Овој адитив за тесто пред се се употребува за производство на индустриска пластика. Но се користи и во прехрамбената индустрија. Британските власти наредиле на производите во кои се наоѓа да мора да биде истакнато неговото присуство како и можноста да предизвика астма. Студиите кои биле направени на WHO ги потврдиле ваквите сомнежи. Може да се најде и во мецивата на МекДоналдс.

 

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1