Во декември нема да се случи апокалипса туку нов почеток!


Лон Стриклер е познат блогер, кој веќе со години наназад се занимава со истражување на паранормалните појави во светот и има огромна колекција на собран материјал кој како основа му служи да верува дека знае што ќе се случи на крајот од 2012 година.

Иако во објава на својот блог се обиде да биди дискретен и да не предизвикува паника, признава дека причини за загриженост има, но дека исходот од случувањата не зависи од обичните луѓе туку од високопозиционирани политички и воени лица, па затоа нема причина за раскопување на нештата врз кои едноставно не можеме да делуваме.

Не сакајќи да открие кога и што точно ќе се случи, Лон предупредува дека подолго време собира докази кои укажуваат на тоа дека на крајот од 2012 година ќе биде откриен нов вид кој е многу сличен на човечкиот на Земјата, кој на изглед е идентична на луѓето, но е со вонземјанско потекло.

Дали ова откритие ќе има последици и на кој начин ќе се манифестира не се знае и затоа ќе треба да се почека бидејќи Лон признава дека тој не е никаков пророк туку едноставно носи предвидување кое се темели врз одредени докази. Изгледа дека за се останато сепак ќе мора да го дочекаме крајот на 2012 година.

 

Share Button

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1