Џоковиќ на поклон доби бизнис луксузен авион



Покрај Џон Траволта, архитектот Френк Гери и познатиот пијанист Ланг Ланг, најдобриот тенисер на светот Новак Џоковиќ стана амбасадор на третата по големина компанија за производство на авиони во светот „Bombardier“ од Торонто пишува српски Плејбој.

За исполнување на амбасадорската должност, се што треба да направи е да ужива во летањето со луксузниот авион Learjet 45 вреден 11,5 милиони долари и тоа кога и да посака. Станува збор за најдобриот авион во својата класа со два силни „Honeywell“ мотори кои може да развијат брзина од 860 км на час.

Покрај тоа овој авион може да се извлече и од било какво невреме затоа сто мозе да се искачи и 850 метри во минута над олуја. Во авионот има место за осум патници и два члена на екипажот.

Овој авион се произведува од 1992 година, а до сега е забележана само една авионска несреќа во 2008 година кога настрада мексиканскиот министер за внатрешни работи Хуан Камило Мурињо.

Tags: , , ,

Александра Смилеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1