Сезоната на дињата и лубеницата е во тек па е вистински време да ја испробате оваа диета која се заснова на зголемен внес на лубеница за да се ослободите од вишокот килограми.
Таков режим на исхрана смислила Кејти Смит и на тој начин им помогнала на илјадници луѓе да ја доведат својата линија до совршенство.
Па затоа „вооружете се“ со добра волја и придржување до упатството, па за две недели ќе изгубите дури 5 килограми на потполно здрав и природен начин.
Еве како функционира:
– Диетата трае две недели. Доколку сакате може да јапродолжите после десет дневна пауза.
– Заборавете на сите слатки работи, белиот леб, масното сирење и дајте им предност на пилешкото, рибите, овошјето, зеленчукот и интегралните житарици.
– Од маслото за готвење дозволено е маслиновото, а од зачините сол, бибер и разноразни ароматични растенија.
– Секое утро веднаш откако ќе станете испијте една чаша вода со сок од половина лимон.
Мени:
1 Ден.
Доручек: Една чашка кафе, едно парче црн леб и половина парче виршла
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: Супа од зеленчук, 150 грама пилешко месо, зелена салата со една лажица маслиново масло
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: 80 грама туна, едно парче црн леб и свежа пиперка
2 Ден
Доручек: Една чашка кафе, едно парче црн леб, 30 грама пилешки грати
Ужина : 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: Една чинија бистра пилешка супа, 150 грама ослич, 100 грама компир салата и салата од домати класично зачинета со маслиново масло
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: Чорба од зеленчук и парче црн леб
3 Ден
Доручек: Една чашка кафе, едно парче црн леб намачкан со пилешка паштета
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: Чинија говедска супа, 200 грама шпагети, зелена салата
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: 150 грама рижота од зеленчук
4 Ден
Доручек: Една чашка чај, едно парче црн леб со маргарин и мед
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: Една чинија со чорба од спанаќ, 200 грама јунешко динстано со зеленчук и салата по избор
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: Салата од 100 грама пилешко, 50 грама варен компир и 50 грама карфиол зачинето со маслиново масло
5 Ден
Доручек: Една чаша незасладена лимонада, парче црн леб, виршла и малку сенф
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: 150 грама печено пилешко, 100 грама варена боранија, парче црн леб
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: Грчка салата
6 Ден
Доручек: Една чашка кафе, парче црн леб и 50 грама шунка
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: Една чинија говедска супа, 200 грама јунешко динстано со зеленчук, салата по избор
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: 100 грама проја и јогурт
7 Ден
Доручек: Една чаша јогурт со помала масленост, парче црн леб, 50 грама младо сирење, парче диња или лубеница
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Ручек: 200 грама готвена зелка со јунешко и парче црн лен
Ужина: 100 грама ладна диња или лубеница
Вечера: 2 виршли, сенф и зелена салата.