Фото: Димитар убиството на мајкаси го најавил на Фејсбук


Увидот на полицијата на местото на убиството кое го шокирше Неготино сеуште трае. 23 годишното момче кое ја закла мајкаси и се обиде телото да го фрли во контејнер, е во притвор.

Утринава, околу 3:30 часот синот со десетина убоди со нож ја убил мајка си, а целата зграда каде живеат и каде го носел телото до најблискиот контејнер е облеана со крв.

Димитар и мајка му живееле сами во стан на улицата“Маршал Тито“ во Неготино. Димитар бил студент, а неговата мајка работела како хигиеничарка во Здравствен дом. Таткото на Димитар бил познат стоматолог, починал пред некоја година.

Димитар признал дека ја убил својата мајка 57-годишна Нада, а според последните информации за тоа што сторил пишувал и на социјалната мрежа Фејсбук. Пред и по убиството. Неофицијално, на Димитар му пречело што неговата мајка се среќава со мажи, а не одела на гробот на неговиот татко.

Ова е неговиот статус на фејсбук –

“Фала ви на сите г…а, еве ви ја, ја заклав, ја угушив. Можам да кажам дека мисијата е завршена и значи огледалото ми било најголемиот шпион камера??? Блиц, папарации, хахахах. Фала Јана те сакам дојди по мене оти почнаа веќе сите да бегаат не знам од кој да почнаммммммм???? Дојди покажи ми го патот, мирен сум сега најумен, кученцеееее не, маченцеееееее..Ѕверрррррррррррр, monster. Кој колку може дава, да е здрава и жива ….Се надевам дека ќе си најде нов човек за нови победи J … Нова мајчинска љубов..те сакам мајка и татко нека те суди…што му немаш појдено на гроботттт“……”

Foto – utrinski vesnik

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1