Директор носел стриптизети како награда – еден од менаџерите го тужел и добил оштета


Најголемата компанија за пијалоци во Латинска Америка ,, Амбев,, мора да исплати 25 000 долари оштета на свој вработен, кого го присилувала да присуствува на забави на кои биле поканети локални проститутки и стриптизети.

 

,,Амбев,, е компанија лоцирана во Бразил, често како награда за успешните менаџери биле повикувани проститутки на сметка на фирмата. Но еден вработен сметал дека е присилен да присуствува на ,,недолични,, забави. Тој во судот изјавил дека како оженет христијанин  компанијата ги навредила неговите верувања.

Судот донел одлука дека ,,Амбев,, мора да плати казна за злоставување и навреда на вработениот.

Инцидентот со проститутките се случил не еднаш – туку 10 пати во периодот од 2003. и 2004. година. Работникот изјавил дека еднаш, откако претходно одбил и рекол дека несака, бил врзан за столица во неговата канцеларија и принуден да ја гледа стриптзерката како изведува перформанс.

Tags: , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1