Бебето Надица што го оставија родителите ќе добие шанса за живот – ќе го лекува државата


Двомесечното бебе Надица од Кавадарци, која има вродена срцева мана и родителите се откажале од неа и ја оставиле во болница, ќе добие шанса да живее.

Министерот Спиро Ристовски вети дека двомесечното бебе наскоро ќе биде испратено на операција во Бугарија.

,, Ветувам дека во наредните денови ќе биде обезбеден транспортот за малата Надица и ќе биде оперирана. Очекуваме по операцијата таа да биде здрава и нормално да се развива. Ние ќе дадеме максимум,, изјави министерот Ристовски за телевизијата Сител.

Откако родителите ја оставија надица во сила е привременото старателство и државата ќе може да ја лекува малата Надица. Нејзината здравствената состојба засега е стабилна.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1