Ова се професиите кои ќе се бараат и ќе се платени до 2020


Сајтот “24/7 Vol Strit” направил листа на професии кои ќе бидат барани во иднина, а кои ќе носат најголема заработувачка.

На прво место е професијата ,, Актуар,, експерт кои се бави со проблемите на финансиска неизвесност и ризик. Тој користи математички методи и теории на веројатност, статискика, финансиска математика со чија помош ќе ви каже дали вашата работа ќе биде успешна или ќе пропадне. Според сајтот овој експерт годишно ќе заработува 87.650 долари.

Втори на листата верувале или не се стакларите. Сајтот смета дека се повеќе градбите ќе се темелат на стакло и оваа професија ќе доживее бум.

Веднаш до стакларите се статистичарите, дератизатори, офталмолози, преведувачи, менаџери кои ќе ги надгледуваат научните истражувања и ќе се задолжени за нивна промоција, експерти за маркетинг, здраствени техничари, работници на изолација, и техничари за заштита на природната околина.

Сите овие годишно ќе заработуваат од 30 000 до 87.000 долари.

Се повеќе ќе има бука во градовите, се повеќе пари ќе се фрлаат за изолација, оваа професија ќе процвета, тврди сајтот.

Од слични причини сајтот прогнозира дека ќе се бараат и работници за дератизација. Секакви животинки ќе ни се појават поради уништувањето на природата. Паралелно со зачувување на природата ќе расте и оваа гранка.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1