Џорџ Клуни и Стејси Кеиблер иако не штедат на скапи ресторани кога се во Италија сепак биле затруени од храна во еден ресторан. Не настрадале само глумецот и неговата девојка туку и сите присутни на забавата.
За ова на својот твитер Стејси пиша
“конечно некако успеав и јас да имам лош оброк во Италија. Сите присутни од нашата забава кој јадеа добија труење од храна.
Двојката заедно со нивните пријатели имале вечера во ресторанот Cernobbio кој се наоѓа близу до вилата на Клуни на езерото Como. Двојката е во Италија од јуни.