До 2030 ќе биде произведен првиот робот што ќе размислува како човек


Човекот кого го нарекуваат „врвна машина за размислување“ Рај Курцвел предвидува дека до 2030 година нанороботи ќе чуваат човечки органи а како резултат на тоа целата популација ќе биде поздрава и попаметна.

Во наредните 25 години компјутерите ќе бидат мали како крвни зрнца, па ќе биде можно да се поврзат со човечкиот мозок без операција, а мозоците ќе ни бидат продлабочени со „облаци“ од знаења кои ќе ни овозможат да учиме во секој дел од животот.

Човекот кој го измислил софтверот за претворање на текстот во говор изјавил и дека луѓето ќе функционираат во внатрешна привидна реалност, а до 2045 година човекот и машините ќе бидат длабоко интегрирани, што ќе допринесе до создавање на надчовечка интелигенција.

Курцвел додал дека до 2029 година роботите ќе имаатинтелигенција еднаква на човековата, и ќе може да не засмеваат и расплачуваат.

 

Share Button

Tags: , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1