До Лондон преку Доминиканска Република. Нов Зеланд, благодариме.


Во петок кон сабота, во 2 часот после полноќ, доколку домаќинот Венецуела не ни го промени терминот за одигрување на средбата, Македонија ќе игра со Доминиканската Република за пласман во историското полуфинале на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Лондон.

Денеска, калкулациите беа следниве:

-Доколку Ангола го совлада Нов Зеланд, Ангола е прва, Македонија втора

-Доколку Нов Зеланд победи со помалку од неверојатни 40 поени разлика, Македонија е прва…

Нов Зеланд-Ангола 68-64, Резултат кој го поправи нашиот кикс против Африканците. Ангола е втора, бидејќи избегна пораз поголем од 13 поени разлика. Сега групата е зад нас. Она што не интересираше е нашиот противник, од групата Ц.

Во групата Ц, според очекувањата, велесилата Русија убедлива со Доминиканската Република, 84-69. Русија е прва, а Доминиканската Република втора…

Противникот е познат, но на потег е домаќинот, околу одредувањето на терминот. Според првичниот план, Македонија треба да игра во 2 часот после полноќ, меѓутоа Венецуела има право како домаќин да го земе најатрактивниот термин за себе.

Фаворитската улога ни припаѓа нам, мора да го прифатиме тоа. Колку и да е противникот непознат, сепак сме европска селекција и тоа помеѓу првите четири. Еднаш кикснавме, немаме право на таков луксуз повторно. Одиме јако против Доминиканците, а потоа…

Литванија вечерва игра со Нигерија (се очекува победа на Литванците), а потоа во четвртфиналето со поразениот од дуелот Порторико-Грција. За потсетување, Порториканците се страшно силна селекција која не совлада два пати во подготовките, а ние пак ја совладавме Литванија.

Значи потенцијални противници во посакуваното полуфинале ни се Литванија, Порторико и Грција. Но да не брзаме чекор по чекор. НАПРЕД МАКЕДОНИЈА!!!

Tags: , , , , , , , ,

Ристе Kaратановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1