Добил пет милиони долари да го прoучува животот по смртта


Фондацијата Џон Темлтон, му додели на Џон Мартин Фишер, професорот по филозофија на Универзитетот Риверсајд во Калифорнија, пет милиони долари донација, за да во наредните три години, истражува и предава само на една тема – животот по смртта.


„Јас и мојот соработник Бенџамин Мичел Јелин, ќе ги подучуваме студентите во следните три години. Често имав можност да предавам за смртта, бесмртноста, и смислата на живот и на Универзитетот во Јејл и на Риверсајд, изјавил Фишер.
„Ќе бидеме отворени кон проучувањето и на религиозните и нерелигиозните погледи на бесмртноста. Една од работите на кои ќе посветиме особено внимание е тоа дали луѓето сакаат да живеат вечно или тоа би им претставувало досадно. Дали на тој начин би се обезвреднила смислата и убавината на животот? Дали смртта му дава смисла на животот?“, дополнил Фишер.
Фишер парите од донацијата ќе ги добие на секои три години, а првот милион ќе го искористи за оддржување на конференции за животот по смртта на факултетите, како и за поддршка за постдипломците, и одржување на веб-сајтот на оваа тема.
Потоа ќе организира и натпревари ширум светот, од областа на друштвените науки, филозофијата и теологијата.

„Истражувањата за искуствата за луѓе кои што биле соочени со блискоста на смртта, со визиите на животот по нас, би можеле да бидат важна тема за психолозите и неуролозите“, истакнал Фишер.
„Тоа не значи дека ние сакаме нешто да докажеме или не. Се обидуваме да бидеме научни и ригорозни со отоврен ум“, додал Фишер.
Фишер себеси се опишал како скептик, што се однесува до живото по смртта, но истакнал дека верува во вечен живот и тоа дека би можело да биде добра работа.
Фондацијата Џон Темплтон, со седиште во Пенсилванија, ја основал покојниот Темплтон, пионер на заедничките фондови Волстрит, со цел да им се помогне на духовните истражувања. Оваа фондација себеси се опишува како „филантропски катализатор за откривања поврзани со Големите прашања за човековите цели и ултимативната стварност.

„Ние ги поддржуваме истражувањата на теми кои се поврзани со еволуцијата и вечноста до креативнста, простувањата, љубовта и слободната воља. Го охрабруваме секој цивилизиран, информативен дијалог меѓу научниците, филозофите и теолозите и меѓу истите тие експерти и јавноста за дефинитивното разрешување на новите погледи“, се наведува во соопштението на Фондацијата.
Атеистите пак, тврдат, дека Темплтон фондацијата намерно ја замаглува разликата меѓу науката и религијата.

Share Button

Tags: , , ,

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1