,, Да разговараме за проблемот на нашиот пријател Македонија, а после за вашиот ,,еуритис,,
Член на Европскиот парламент Мартин Kастлер воочи посетата на грчкиот Премиер Самарас, на Германија на Твитер и на својата веб страница го поздрави Самарас со зборовите – дојде кај пријатели на Македонија.
Кастлер на Твитер му упатил порака на Самарас пред средбите со Меркел денеска во Берлин на кои треба да се разговара за финансиската криза и за допоплителниот рок од 2 години што Грција го бара за спроведување на еконмските реформи. Самарас освен што ќе има тежок муабет со Меркел денеска и со Оланд утре во Франција, од германскиот европратеник Кастлер дочекан со уште една порака која на Самарас сигурно не му се допаѓа.
Европарламентарецот на Твитер напиша
,,Добредојдовте г-дин Самарас во Германија! “Пријатели на Македонија” да прашаме за решение за нашите пријатели во #Македонија – пред да разговараме за вашиот €uritis,,