Докторка силувана на одмор – ѝ понудиле масажа како отштета!


Повредената жена, која е мајка на две деца се бори со компанијата, која и понуди масажа во замена да заборави и да го прости тоа што ѝ се случило

Георгина Мортимер (45) беше брутално нападната и силувана за време на одморот на Карибите. Наместо аражман од соништата и едрење со часови, докторката од Велика Британија добила само страдање и болка.nintchdbpic

Имено во апартманот на несреќната жена само неколку часа откако таа пристигнала, влегол еден човек и брутално ја давел и ја силувал.

Георгина сака на сите жени да им укаже на опасностите кои може да ги снајдат, дури и зад овој, навидум, безопасен аранжман.

– Компанијата „Девојки и едрење“, и покрај тоа што нудела сосема женски пакет, ќе мислите дека е безбеден, меѓутоа се разбудив во пекол, наместо во рај. Од сон ме разбуди неидентификуван човек кој ме давеше и силуваше. Мислев дека ќе умрам. Понижена, уништена со еден збор. Сега имам фобија и постојани визии. И тие дури и одбија да ми исплатат отштета, туку како надоместок нудат масажа во замена за молчење. Хорор. Само откако се пожалив неколку пати, конечно ми беа вратени парите – изјавија докторката за „Сан“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1