Во Македонија денес под влијание на циклонска активност ке биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо.
Поинтензивни врнежи се очекуваат во попладневните часови. Ке дува силен југоисточен ветар кој ке достигне и брзина од 50 км/ч. Утринските температури ке се движат од 10°C до 22°C, а максималните дневни ке достигнат до 17°C односно до 27°C .
Во Скопје во петок ке биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува силен југоисточен ветар. Утринската температура ке се движи од 18°C, а максималната дневна ке достигне до 25°C.
Облачно со врнежи од дожд и свежо ке биде и во деновите од викендот.
Во сабота ке биде облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен југоисточен, а во западните предели јужен ветар. Во текот на вечерните часови ветерот ке го промени правецот во северен и северозападен, а во западните предели ке дува североисточен ветар. Утринските температури од 8°C до 18°C, а максималните дневни ке се движат од 16°C до 26°C.
Во недела ке биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен. Утринските температури од 7°C до 16°C, а максималните дневни ке се движат од 14°C до 24°C.
weather4all