Јелена Томашевиќ со своето семејство тргнале на одмор во Грција, но на пола пат морала да се врати.
Наместо да се одмори и ужива, Јелена и нејзиниот сопруг Иван Босилчиќ доживеале големо разочарување.
По ова стресно искуство пејачката решила да се огласи на својот Фејсбук профил.
Драги пријатели, пред некој ден ви ја препорачав агенцијата *** Травел, од која во една емисија, која е снимена во просториите на таа агенција, добив на подарок ваучер за летување во Грција. Денес со семејството тргнавме на море. Странските соработници на оваа агенција ни се јавија да се вратиме во Белград, бидејќи ваучерите не се валидни, ниту во хотелот во кој требаше да престојуваме бил уплатен аранжманот, ниту резервација. Колку што дознав, уште 245 други патници се во истата ситуација. Ги предупредувам сите кои имале контакт со оваа агенција, додека не излезе официјално соопштение од полицијата за овој случај, добро проверете ги своите аранжмани.