Сеуште не е обелоденето што ги преплаши возачите и беше причина за неколку сообраќајни несреќи на патот Зајечар – Бор.
Дали некој солено се шегувал на темниот пат или навистина дух на мајка која си го бара детето е она што до смрт преплаши неколку возачи на 30 август пред точно една година.
Неколку возачи за само една ноќ го имале истото искуство, сите опишале дека нешто им излегло на патот. Дека била жена, дека изгледала како дух и ги преплашила поради што сите на речиси истото место направиле сообраќајна несреќа, некој излетал од патот, некои се удриле во дрвата крај патот. Некои само се престрашиле. Случајот го крена на нозе населението во Тимочка краина.
Првобитно полицијата сметала дека се работи за шега на млади момчиња кои на возачите им пуштиле кукла наполнета со хелиум – па затоа изгледало како да лебди. Полицијата изјави дека некои граѓани се јавиле со информација дека чуле неколку млади луѓе како се фалат во кафуле во градот. Полицијата нашла и остатоци од запален невестински фустан, сличен на описот на фустанот кој го носела ,,жената дух,, претпоставиле дека момчињата се исплашиле кога виделе дека предизвикале несреќи па сакале да ги уништат доказите. Но до ден денеска ниту се најдени момчињата, ниту со сигурност – барем не официјално – се утврди што ги предизвикувало несреќите.
Неименуван извор од полицијата за Ало изјавил дека сторителите биле познати, но нема да се поднесе пријава бидејќи никој од оштетените не сакал да тужи.
Отогаш помина една година, а возачите сеуште го избегнуваат овој дел од патот, посебно ноќе.
,, си возев одеднаш се појави, лебдеше, на прозорот од мојата страна, ја испружи раката кон автомобилот. Беше на половина метро од нас. Само го стегнав воланот и се обидов да држам правец. Не сум луд, не ја видов само јас, во автомобилот беше и мојата сопруга – вознемирен изјавил за неговата средба со ,,нештото,, еден од возачите. Ми се следи крвта од страв, рекол.
Низ градот се зборува дека постои некоја влашка магија. Баба Десанка тврди дека жената е всушност Muma Paduri (шумска мајка). Дека позната легенда е дека си го загубила детето на патот, дека починало, го удрило нешто. не е прв пат возачи да видат жена во бело како пружа рака кон нив, вели Гатачката за Ало
– секој маж кој сонува убава жена, како ја допира, мисли дека сонува нешто убаво но тоа е ѓаволот. Јас вчера видов еден дух на жена, тука преку патот од мојата куќа, вели баба десанка една од најпознатите гатачки во Источна Србија.
– шумската мајка е немилосрдна. Никој не смее да и се спротистави инаку ќе го повреди. Вели баба десанка.
Дух или шега – не се знае, но со сигурност мештаните не сакаат ниту да дознаат. Велат посигурно им е да не возат таму ноќе.