Две годишното девојче почина од вирусот Западен Нил


Западнонилската треска ја однесе и третата жртва во Македонија.

Доцна синоќа на инфективната клиника во Скопје, починало две иполгодишното девојче кое подолго време беше хоспитализирано, а кај кое беше потврден вирусот на западнонилската треска. Девојчето било инфицирано во Македонија. Имало и други заболувања. Таа е третата жртва на вирусот во Македонија, пренесе Сител

Досега во земјава се потврдени шест позитивни случаи на болеста, од кои две деца. На Инфективната клиника во Скопје има и едногодишно бебе кое сеуште се лекува од вирусот.

Директорот на Инфективната клиника најавил официјални изјави по кои ќе има повеќе детали за последниот смртен случај и каква е состојбата со ширењето на вирусот во земјава.

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1