Една од најбогатите британки Eva Rausing жена на наследникот на империјата ,, TetraPak,, е пронајдена мртва во нејзиниот дом, а нејзиниот сопруг Hans Kristian Rausing е уапсен.
47 годишната Ева е родена во Америка а омажена за Ханс кој е директен наследник на билионската компанија за пакување – Тетрапак, која тежи 6,7 милијарди долари.
Во времето на апсењето Ханс поседувал наркотици. Брачната двојка беше уапсена за псоедување и користење наркотици уште во 2008. и тоа апсењето се случи пред американската амбасада во Лондон, каде сакале да го внесат хероинот и кокаинот што го носеле. Телото на Ева е најдено во нивниот дом вреден 70 милиони фунти во Cadogan Place.
Таткото на Ева е поранешен директор на Pepsi.
Полицијата сеуште не објавува од што починала билионерката мајка на 4 деца, но веќе ги побарале снимките од безбедносните камери што укажува на фактот дека истражуваат сомнителна смрт, ако не и убиство. Ханс бил задржан на испрашување цела ноќ, но утрината е однесен во болница за да прими лекарства поради лошота здраствена состојба како последица од користењето дрога.
,,Тетрапак,, е формирана пред 60 години и е една од најголемите пакувачи на храна во светот. Има 22.000 вработени во 170 земји. Компанијата стана препознатлива по својата иновација по која го носи и името тетрапак пакувањето на течности и храна, кои тие го измислија и патентираа.